ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦА

Прикажи 9 12 18 24

Маркер White chalk Centrum 3-5mm

80.00 ден

За стакло, керамика, метал, прозори, порцелан, пластични кеси, траки
Маркерот лесно се брише.

Маркери Glitter Dual Tip 1/24

280.00 ден

Маркери со светки, со врв четка.
Две страни 1/24

Кога телото вели не – Габор Мате

550.00 ден

Кога самите не сме способни да му кажеме „не“ на стресот, телото зборува место нас. А кога телото ни зборува, треба да го слушаме.

Може ли човек буквално да умре од осаменост? Дали постои „рак-личност“? Зошто и како се појавуваат артритис, дијабетес, срцеви заболувања, мултиплекс склероза… и дали можат да се излечат?

Врз основа на научните истражувања и своето повеќедецениско искуство, д-р Мате дава одговори на многу важни прашања за ефектот на телоумот врз здравјето и улогата што стресот и индивидуалната емоционална структура ја имаат во многу болести. „Целта на оваа книга е да го опише влијанието на стресот врз здравјето. Тој е толку длабоко скриен и сраснат со нас што го чувствуваме како дел од себе. Се обидуваме да го разбереме телото одвојувајќи го од умот, но тоа е голема предрасуда“, вели д-р Мате.

„Кога телото вели не“ изобилува со животни приказни на многу пациенти. Таа е откровение што придонесува за трансформативни сознанија за тоа дека болеста е начин на кој телото му кажува „не“ на она што умот не може да го признае.

„Габор Мате вешто ги обединува последните достигнувања во биомедицината со личните приказни на пациентите овозможувајќи ни длабок увид во тоа како искуствата го обликуваат нашето здравје и однесување. Книга што мора да се прочита.“

Брус Липтон, автор на „Биологија на верувањето“

„Ова е мошне важна книга, и за докторите и за обичните луѓе. Во секој случај спасува животи.“

Питер Левин, доктор по трауматски стрес

Зошто никој не ми го кажал ова порано? – Д-р Џули Смит

450.00 ден

Самодовербата е домот што го градите за себе. Со своето повеќегодишно искуство во клиничката психологија, интернет-сензацијата д-р Џули Смит ни дава драгоцени совети со кои скапоплатените психолози им помагаат на своите пациенти за справување со најчестите животни предизвици. Богата со тајни од кутијата со терапевтски алатки, „Зошто никој не ми го кажал ова порано“ изобилува со совети за зацврстување и одржување на менталното здравје. Од тоа како да се справиме со својата анксиозност или променливото расположение, да се соочиме со критика, да си ја поттикнеме мотивацијата, преку умешноста за развивање на самодовербата, прифаќање на загубата и тагата и учење како да си простиме – д-р Смит нагледно ни го објаснува функционирањето на човечкиот ум и ни дава насоки за секојдневно одржување на неговото здравје. Ова не е книга која нè враќа во детството во потрага по основната причина за проблемите.

Ослободете ја моќта на потсвеста – Џозеф Марфи

400.00 ден

Во животот го добивате она во што верувате. Сите ние имаме неверојатен потенцијал да бидеме, да постигнеме и да добиеме сè што ќе посакаме, замислиме или во кое вистински веруваме. Но за жал, само малкумина целосно го остваруваат, а повеЌето луѓе не успеваат да ја препознаат и искористат безграничната моќ на потсвеста. Овие 52 неделни афирмации и многуте практични и докажани техники на Џозеф Марфи ќе ве поттикнат да го подобрите секој дел од вашиот живот. Со помош на желба, имагинација и верба, ќе успеете да создадете нова реалност. Оваа книга е ваш личен водич кон посреќен, побогат и поисполнет жживот. Следејќи ги упатствата, ќе ги откриете моќта на сопствениот ум и бесконечните можности што постојат насекаде околу вас. Најуспешните луѓе низ историјата не се оние кои едноставно ја прифаќаат реалноста онаква каква што е, туку оние кои мечтаат за подобра реалност и кои толку длабоко веруваат во неа што можат дури и да создадат нова!

Надвор од редот – Џордан Питерсон

500.00 ден

Во 12 животни правила клиничкиот психолог и прославен професор на Харвард и на Универзитетот во Торонто, д-р Џордан Б. Питерсон им помогна на милиони читатели да воведат ред во хаосот на своите животи. Во ова смело продолжение Питерсон дава уште дванаесет витални принципи за да се спротивставиме на исцрпувачкиот данок што неминовно гиоси нашата желба за уредување на светот според нашите мерила.

Во време кога човечката волја се наметнува над секоја сфера во животот, од нашите социјални структури до нашите емотивни состојби, Питерсон нуди стратегии со чија помош можеме да најдеме значење и цел, дури и кога ќе се чувствуваме немоќни. Иако хаосот ни се заканува со нестабилност и страв, неконтролираниот ред може да нè скамени и да нè натера на покорност. Надвор од редот повикува на балансирање на овие два фундаментални принципа на самата реалност и нè води по птавиот и тесен пат што го дели.

„Највлијателниот интелектуалец во денешниот западен свет“

Њујорк Тајмс