ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦА
Подреди по
Намести си го креветот – Вилијам Х. Мекрејвен
250.00 денАко сакате да си го промените животот кон подобро, почнете со тоа што наутро ќе си го наместите креветот! Вака адмирал Вилијам Х. Мекрејвен ги советува студентите од Универзитетот во Тексас на првиот ден од студиите. Црпејќи инспирација од универзитетскиот слоган „Она што започнува овде ќе го смени светот“, тој ги споделува со нив своите десет начела научени за време на обуката во Американската воена морнарица, кои му помогнале да ги надмине предизвиците не само во долгата кариера како маринец туку и во животот.
Во оваа своја мала но вдахновена книга тој објаснува како секој може да ги искористи овие основни и едноставни лекции за да се промени себеси – а можеби и светот. Пренесувајќи ни ги своите суштинските начела, Мекрејвен раскажува потресни и инспиритивни приказни од својот живот и од животите на луѓето што ги запознал за време на воената обука и служба, кои понекогаш морале одлучно, сочувствено, чесно и смело да донесат тешки одлуки.
Раскажана со неверојатен оптимизам, Намести си го креветот нуди едноставни мудрости, практични совети и охрабрување што нѐ инспирираат да работиме и да оствариме повеќе во својот живот, дури и во неговите најмрачни моменти.
Луна – Винка Саздова
250.00 ден„Што сакаш, всушност, да знаеш?“ гласот ѝ беше сув.
„Јас… ми падна тешко што не сакаше да се види со мене“, признав.
„Со никого не се гледаше, ако ти е тоа утеха. Секој човек има право на избор, нели?“ го повиши гласот.
„Да, да“, промрморив. „А и јас не бев којзнае колку упорна. Му ја почитував одлуката. Можеби и се плашев да го видам таков…“
Луна е роман за незавршените комуникации во нашите животи.
Две жени, Роса и Теодора, се обидуваат преку спомените на другата да проникнат во сопственото минато. Заедничка им е љубовта кон Калин, кој пред смртта остава една папка преполна со романтични вознеси за Луна. Која е Луна? Тоа е загатката што двете жени ќе ги принуди на сојузништво. Трагајќи по Луна, тие постапно се доближуваат една до друга и се ослободуваат од сеништата на минатото.
Луна од авторката на Последниот чај, Полиња со диви нарциси и Понекогаш доаѓа среќа.
Бидете свој психотерапевт – Џенет Рејн Вотер
250.00 денПотребна ви е промена? Подготвени сте за промена? Преземете ја одговорноста за себе и својот живот во свои раце. Промената ќе биде успешна доколку навистина сакате да се развиете и доколку сте подготвени да учите како да ја прифатите одговорноста за самите себе.
Бидете свој психотерапевт, преку вежби и теориски објаснувања, со зголемувањето на свеста за самиот себе, постепено нè приближува кон нас самите и нè подготвува за промена. Ни помага подобро да ги запознаеме луѓето запознавајќи се себеси, да станеме посвесни за односот со нив и да го менуваме тој однос, доколку чувствуваме потреба за тоа. Таа ќе ги поттикне оние што сакаат понатаму да се развиваат, да го променат однесувањето со кое не се задоволни, да ги решаваат своите тешкотии и проблеми, да живеат поисполнето, порадосно и посреќно.
Првиот чекор кон себетерапија започнува со читањето на оваа книга
Понекогаш доаѓа среќа – Винка Саздова
250.00 денРоман кој ќе ги разбуди вашите чувства, ќе ве замисли, ќе ве возбуди, ќе ве растажи, ќе ве разнежни… „Понекогаш доаѓа среќа“ е приказна за младата Гора која ќе се впушти во лјубовна врска со зрелиот човек Давид. Гора е заплеткана во необични сестрински односи со Ведра, а Давид по разводот од неговата сопруга, опсесивно се врзува за своето синче. Насловот на книгата навестува среќен крај, но до него треба да се стаса низ многу пречки, болни и интимни соочувања и преиспитувања и низ созревање на ликовите
Полиња со диви нарциси – Винка Саздова
250.00 денПисмото што останува непрочитано во џебот на едно палто е причина за едно долго патување кон секој изминат и иден миг од животот. Сто и осум жолти ливчиња со непромен- ливата порака: Разбуди ме. Страниците од дневникот, испишани во потрагата по себе, се единствената нишка во лавиринтот на љубовта и неверството. Митови што еманираат од нашето најсекојдневно постоење. Доброволни прогонства и разделби ни ги отвораат портите кон вечно живите детства. Мириси што можат да ги разбудат најскриените агонии на животот, секогаш еден чекор пред нас. Како можеме да го најдеме она што ниту сме знаеле дека воопшто ни припаѓа. Противречноста на очекувањето. Да проникнеш во човекот е исто како тој да се роди повторно. Дали тоа, што еднаш суштински се скинало, може совршено да зацели?
Најновиот роман на Винка Саздова, Полиња со диви нарциси, е необична приказна за едно неверство. Особено восхитуваат веќе докажаното мајсторство во монтажата на нарацијата и суптилната инверзија во која ни се откриваат ликовите. Староста преку младоста, минатото преку иднината. И едното и другото судбински вкрстени во вечното сега.
Последниот чај – Винка Саздова
250.00 денСпакувај се и замини! Каде? што е моно подалеку. Зошто? За да дознаеш. што? Не прашувај. Одваи се и тргни! Моеш ли!? Ако мое жената од Последниот чај моеш и ти. Препушти ѝ се да те одведе до Тара, Елена, Савита, Џиду, Тарун, Самир… до самиот тебе.Последниот чај ги отвора нашите сопствени приказни. Нè охрабрува да се соочиме со нив и да ги прифатиме такви какви што се, убави или грди, сеедно.Ова е роман во кој понекогаш и една единствена реченица е голема приказна врз која се останува долго време. Толку долго колку што е потребно таа да се спои со личната приказна на оној што ја чита.Сочувствителен. Љубовен. Неен, а цврст. Меко што зборува за груби болки и вистини, покаувајќи како се исцелуваат и претвораат во спокојство.Сетилата ѝ ги напаЌа шаренилото на боилакот и сивилото на бедотијата, опојните мириси на животот во својот полн ек и реата на животот што згаснува, песната на ветрот и криците на тишината…..
Дневник Unicorn Galaxy
250.00 денХефталица мала Deli Macaron 24/6, Pastel Colors
250.00 денХефталица мала Deli Macaron E0402F, 24/6, Pastel Colors
(при нарачка наведете во Забелешка која боја ја сакате)