Блог

КАКВА ТОРБА ЗА НА ПЛАЖА ДА ОДБЕРЕТЕ?

Пешкир за на плажа, креми за заштита од сонце, костим за капење… имате се што ви треба. Сега ви е потребна уште торба за на плажа која ќе собере се што е потребно, но истовремено ќе биде и модерна и ќе одговара на вашиот стил.

Како да знаете која торба е идеална за вас? Taа освен пешкирот за на плажа, костим за капење и крема, треба да собере и шишенце вода, некоја интересна книга, очила за сонце, паричник, потоа мобилен телефон, акцесоари… Понекогаш можеби во неа ќе ставите и некои грицки. Значи таа треба да е голема и практична!

Најчесто за на плажа се одбираат сламени торби или торби од јако памучно платно. Бидејќи овие торби се носат најчесто едно до две сезони, одберете торба која ќе биде модерна за таа сезона, но нема да е прескапа. Па следната сезона, ќе можете повторно да си одберете нов модел.

Тропските модели, цветни и бохо елементи никогаш нема да ве остават рамнодушни! Погледнете ги нашите модели кои се моментално на намаление од 30%.

 

Доколку се одлучите за ранец, во нашиот богат асортиман имаме и таков избор.

Да не ги заборавиме и малите несесери за на плажа, едноставно мора да ги имате во торба. Тие ќе бидат одлична заштита за вашиот мобилен телефон и пари, но и за кармин и огледалце.

Убав одмор!