Блог

ПОДГОТВЕТЕ ГО ДЕТЕТО ЗА ВО УЧИЛИШТЕ ИЛИ ГРАДИНКА СО УЧИЛИШЕН ПРИБОР

Со почетокот на учебната година и добиените насоки од наставниците, родителите веќе почнаа да ги подготвуваат своите деца за престојната учебна година. Се купуваат тетратки, училишен прибор, ранци и останат училишен материјал. Познато е дека почетокот на училиштето бара голема посветеност во изборот на училишна опрема, додатоци и други битни училишни материјали за секоја возраст и за секое одделение. За родителите е важно да им обезбедат на своите деца сè што ќе им треба за да бидат подготвени и организирани, а за децата пак тие да учествуваат во изборот и да донесат одлука.

Но да се најде соодветната опрема не е секогаш лесно, особено што потребите, желбите и можностите често се поинакви од она што го посакуваме.
Потребни се многу тетратки во различни формати, несесер, боички, моливи, острилки, гуми. Но и фломастери, водени и темперни бои и блок во кој ќе ја изразат својата креативност за цртање. Не заборавајте дека потребен е и линијар, шестар, можеби бројалка или дигитрон.

За часовите по физичко пак, задолжително е да имате интересна торба за патики.

 

И секако да не заборавиме, оброкот на училиште е најбитен. Па затоа изберете квалитетна кутија за храна, која ќе ја одржува храната свежа. Во ист дизајн изберете и шише за вода, па бидете препознатливи во класот.

 

Во Супер Нова ќе најдете се за на училиште, затоа посетете не! Целиот училишен прибор е достапен и On-Line и може да го разгледате тука