Нема залиха
Кенгурчињата си ги бараат своите детски соби, динго-кученцата си ги бараат своите семејства, а коалата си ги бара мирисливите листови евкалиптус… Помогни им да ги пронајдат!
Со овие едноставни и забавни активности, подредени по тежина, вежбанката ќе им помогне на децата од предучилишна возраст да ја вежбаат раката, да се навикнат на приборот за пишување и да стекнат самодоверба во првите чекори во цртањето и пишувањето, преку:
• Почетно пишување разни видови линии (прави, коси, заоблени, брановидни и цикцак);
• Слободно пишување линии;
• Развивање на фините моторни вештини на мускулите на рацете и прстите (графомоторни вештини);
• Можност вежбата да се повтори повеќепати и детето да се коригира самостојно.
Оваа вежбанка е реупотреблива. На нејзините страници може да се пишува со овој или со друг маркер за бела табла (пиши-бриши), а се брише со марамче, обична ткаенина или сунѓер. На тој начин децата можат да се навраќаат на активностите повторно и повторно, што им овозможува градење на самодовербата, но и долготрајна забава.