ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦА

Прикажи 9 12 18 24

1984 – Џорџ Орвел

450.00 ден

Романот „1984“ се вбројува меѓу највлијателните книги на дваесеттиот век и претставува ретко дело чие значење добива се поголема моќ денес, кога неговото предвидување почнува да се остварува.

Објавен во 1949 година, најпознатиот роман на политичкиот сатиричар Џорџ Орвел ни ја открива кошмарната визија за еден тоталитарен, бирократски свет и за обидот на еден обичен човек да ја зачува својата индивидуалност. Мајсторството на „1984“ лежи во авторовото претскажување на модерниот живот – сеприсутноста на телевизијата, искривоколчувањето на јазикот – и неговата способност да создаде толку сеопфатна верзија на пеколот.

Култниот роман и 70 години по објавувањето останува задолжително четиво и се уште важи за една од најзастрашувачките книги што некогаш биле напишани.

Успехот нека стане вашата судбина!

Четириесет правила на љубовта – Елиф Шафак

450.00 ден

Во својот заводлив лиричен роман Четириесет правила на љубовта, светски познатата турска авторка Елиф Шафак ни ткае две паралелни приказни – едната современа а другата историска – и преку „четириесетте правила на љубовта“ ни ја доближува древната суфистичка филозофија што се заснова на единството на сите народи и вери и присуството на љубовта во секој од нас.

 

Ела Рубинстајн е четириесетгодишна несреќно омажена домаќинка што добива ангажман да прочита и да напише извештај за Слатко безбожништво – историски роман за судбоносната средба на исламскиот учител Руми и неговиот духовен водач, ексцентричниот дервиш скитник познат како Шемс од Тебриз. Притисната од личните проблеми, но и заинтригирана од мистериозниот автор Азиз З. Захара – фотограф, светски патник и суфист, таа започнува да се допишува со него. Низ приказната за контроверзното духовно пријателство и улогата на дервишот во длабоката преобразба на Руми во посветен мистик, страстен поет и поборник за љубовта, и самата Ела доживува трансформација, сфаќајќи дека Азиз, исто како Шемс, дошол да ја ослободи.

 

Четириесет правила на љубовта е магичен преплет на Истокот и Западот, на минатото и сегашноста, во една безвремена човечна и трогателна приказна што смело ги расветлува разликите меѓу религијата и духовноста, цензурата и сомилоста, стравот и универзалната љубов.

Bestway Гума за пливање 115cm 36163 

450.00 ден

Bestway Гума за пливање Jelly 36163:

  • Димензија/Дијаметар: 115cm,
  • Години: 12+

MAS Сет за биро Vivid 4pcs 4 парчиња, Жолта Боја

440.00 ден

MAS Сет за биро Vivid 4pcs (Полици за документи, Полица чизма, чаша за пенкала, држач за селотејп), Жолта Боја

MAS Сет за биро Vivid 4 парчиња, Зелена Боја

440.00 ден

MAS Сет за биро Vivid 4pcs (Полици за документи, Полица чизма, чаша за пенкала, држач за селотејп), Зелена Боја

MAS Сет за биро Vivid 4 парчиња, Сина Боја

440.00 ден

MAS Сет за биро Vivid 4pcs (Полици за документи, Полица чизма, чаша за пенкала, држач за селотејп), Сина Боја

Double Aa Хартија, 1 топ А4 формат 80 г.

440.00 ден

France Double Aa Фотокопирна Хартија 80 гр. А4 Премиум Квалитет

Калуѓерот што го продаде своето ферари – Робин Шарма

420.00 ден

Калуѓерот што го продаде своето ферари е приказна за Џулиен Ментлу, врвен адвокат, чиј неурамнотежен начин на жживот за малку ќе го доведе до фатален инфаркт во преполната судница. На физичкото пропаѓање му следи и духовна криза, која ќе го натера да размисли за својот жживот и да побара одговор на најважните жживотни прашања. Со надеж дека ќе најде среќа и исполнување, заминува на едно необично патување. Запознавајќи една стара култура открива моќен начин како да го ослободи потенцијалот на својот ум, тело и душа и како да живее со повеќе страст, смисла и мир.Брилијантна мешавина на источната духовна мудрост и острите западни принципи за успех, оваа инспиративна приказна чекор по чекор ни го посочува патот до похрабар и поурамнотежен жживот, жживот исполнет со изобилство и радост.

Ослободете ја моќта на потсвеста – Џозеф Марфи

400.00 ден

Во животот го добивате она во што верувате. Сите ние имаме неверојатен потенцијал да бидеме, да постигнеме и да добиеме сè што ќе посакаме, замислиме или во кое вистински веруваме. Но за жал, само малкумина целосно го остваруваат, а повеЌето луѓе не успеваат да ја препознаат и искористат безграничната моќ на потсвеста. Овие 52 неделни афирмации и многуте практични и докажани техники на Џозеф Марфи ќе ве поттикнат да го подобрите секој дел од вашиот живот. Со помош на желба, имагинација и верба, ќе успеете да создадете нова реалност. Оваа книга е ваш личен водич кон посреќен, побогат и поисполнет жживот. Следејќи ги упатствата, ќе ги откриете моќта на сопствениот ум и бесконечните можности што постојат насекаде околу вас. Најуспешните луѓе низ историјата не се оние кои едноставно ја прифаќаат реалноста онаква каква што е, туку оние кои мечтаат за подобра реалност и кои толку длабоко веруваат во неа што можат дури и да создадат нова!