ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦА

Прикажи 9 12 18 24

Seasons

3,490.00 ден
Број на  играчи: 2-4
Времетраење:30-60 мин
Возраст: 14+
Издавач: Asmodee

Намести си го креветот – Вилијам Х. Мекрејвен

250.00 ден

Ако сакате да си го промените животот кон подобро, почнете со тоа што наутро ќе си го наместите креветот! Вака адмирал Вилијам Х. Мекрејвен ги советува студентите од Универзитетот во Тексас на првиот ден од студиите. Црпејќи инспирација од универзитетскиот слоган „Она што започнува овде ќе го смени светот“, тој ги споделува со нив своите десет начела научени за време на обуката во Американската воена морнарица, кои му помогнале да ги надмине предизвиците не само во долгата кариера како маринец туку и во животот.

Во оваа своја мала но вдахновена книга тој објаснува како секој може да ги искористи овие основни и едноставни лекции за да се промени себеси – а можеби и светот. Пренесувајќи ни ги своите суштинските начела, Мекрејвен раскажува потресни и инспиритивни приказни од својот живот и од животите на луѓето што ги запознал за време на воената обука и служба, кои понекогаш морале одлучно, сочувствено, чесно и смело да донесат тешки одлуки.

Раскажана со неверојатен оптимизам, Намести си го креветот нуди едноставни мудрости, практични совети и охрабрување што нѐ инспирираат да работиме и да оствариме повеќе во својот живот, дури и во неговите најмрачни моменти.

Вилино – Винка Саздова

300.00 ден

Зошто остануваш во зандана кога вратата е ширум отворена? Руми Како се случува оние што се љубеле верно како дрвото и сенката, како дрвото и огнот, да станат туѓинци во иста постела и дневна соба? Жесток роман за повикот на слободата и стравот од неа, и за доброволното ропство во „сигурните“ брачни води. Видан – Огнена – Тони: семеен триаголник на двајца отуѓени сопружници и нивниот син. Потресна приказна за тоа како најблиските што се сакале влегуваат во магичниот круг на повредување на другиот. Книга полна источни мудрости и мистична филозофија. Роман богат со психолошки и до нијанса извајани машки и женски ликови, со што се потврдува мајсторството на авторот покажано и во претходните романи. Префинета симболика на детали, прекогниции, соништа, сеизмографски треперења на душата. И роман терапија: ведриот женски лик на Вили од идиличното Вилино, спротивставено на градот како дувло на страстите. Венко Андоновски Вилино е лек.

1984 – Џорџ Орвел

450.00 ден

Романот „1984“ се вбројува меѓу највлијателните книги на дваесеттиот век и претставува ретко дело чие значење добива се поголема моќ денес, кога неговото предвидување почнува да се остварува.

Објавен во 1949 година, најпознатиот роман на политичкиот сатиричар Џорџ Орвел ни ја открива кошмарната визија за еден тоталитарен, бирократски свет и за обидот на еден обичен човек да ја зачува својата индивидуалност. Мајсторството на „1984“ лежи во авторовото претскажување на модерниот живот – сеприсутноста на телевизијата, искривоколчувањето на јазикот – и неговата способност да создаде толку сеопфатна верзија на пеколот.

Култниот роман и 70 години по објавувањето останува задолжително четиво и се уште важи за една од најзастрашувачките книги што некогаш биле напишани.

Успехот нека стане вашата судбина!

Како да разговарате со некого-Лил Лаундес

450.00 ден

Која е онаа магична вештина што некои луѓе ја поседуваат поради која веднаш ви се лепат за срце? Сите сакаат да им бидат пријатели или да остварат интимна врска со нив. Во деловниот свет самоуверено јурат кон врвот на корпорациското скалило. Како им успева сè што ќе допрат да се претвори во „злато“?

Меѓу кориците на забавната и поучна книга Како да разговарате со секого ќе ги откриете малите трикови што писателката ги издвоила како клучни за постигнување успех. Дефинитивно ќе уживате читајќи ги и вежбајќи ги овие трикови проследени со практични совети и јасни примери и анегдоти.

Малите потези на кои ве учи, а кои без напор можете да ги направите дел од својата секојдневна рутина, ја создаваат вашата судбина. Зашто кога повторувате некое дејство, тоа ви станува навика. Навиките што ги имате го создаваат вашиот карактер. А вашиот карактер е ваша судбина.

Успехот нека стане вашата судбина!

12 животни правила – Џордан Питерсон

500.00 ден

Понесен од великаните на западната мисла, од најразлични домени на науката, од религиозните списи и најголемите книжевни дела на човештвото, а пред сè од својата долгогодишна практика, угледниот и светски познат клинички психолог Џордан Питерсон кого Њујорк тајмс го прогласи за еден од „највлијателните интелектуалци на нашето време“ ја резимира вредната етичка, психолошка и филозофска мудрост преточувајќи ја во дванаесет едноставни начела за живот вреден за живеење.

Длабока книга што ќе ве поведе на патот кон вашето најсуштинско јас и ќе го разбуди полниот потенцијал на вашето Битие!

Џордан Б. Питерсон (1962) е канадски клинички психолог, културен критичар и професор по психологија на Универзитетот во Торонто. Неговите главни области се патопсихологија, социјална психологија и психологија на личноста, со посебен нагласок на верските и идеолошките верувања. Во 2016 година, непосредно пред објавувањето на 12 животни правила, Питерсон објави серија видеа на својот Јутјуб-канал, критикувајќи ја политичката коректност во канадската влада, со што доби значајно медиумско внимание. Неговите предавања на Јутјуб имаат над 35 милиони прегледи.

Твојот втор живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден – Рафаела Жордано

320.00 ден

Што да правиш кога одеднаш ќе се најдеш заглавен во стапицата на секојдневната рутина кога ќе сфатиш дека животот веќе не ти носи радост? Имаш навидум сè што ти е потребно но нешто недостига нешто суштинско што го први животот убав интересен неповторлив…

Во еден таков преломен момент Камиј, хероињата на овој волшебен роман, среќава необичен човек со уште понеобично занимање: рутинолог. Од него таа повторно ќе ја открие мудроста на вистинските избори, на заборавањето и прошката. Зашто „животот е како летачки балон што се издига со помош на топол воздух. За да се искачиш повисоко, треба да умееш да се ослободиш од товарот и да исфрлиш преку оградата сѐ што ти пречи да се кренеш“. Постепено, тој ќе ја поттикне обесхрабрената Камиј да се осмели да си постави големи соништа. И да тргне кон нивно остварување. Зашто не е најстрашно да не успееш. Најстрашно е да не се ни обидеш!
Со теоријата на мали чекори, тој ќе ја поведе по патот на самопрочистувањето и самооткривањето, за да проникне повторното во љубовта и чудото на постоењето.

„Рафаела Жордано нè учи како да излеземе од зачмаеноста и повторно да се вљубиме во животот!“

Клубот 5 наутро – Робин Шарма

500.00 ден

Светски признатиот гуру Робин Шарма ви го претставува концептот на Клубот 5 наутро – докажан систем кој им помогнал на илјадници клиенти максимално да си ја зголемат продуктивноста, да си го подобрат здравјето и да уживаат во спокоен живот во ова динамично и стресно време.

Преку восхитувачка – и честопати забавна – приказна во која главните актери се борат да ги надминат своите лични проблеми и се среќаваат со еден ексцентричен тајкун кој станува нивен таен ментор, Клубот 5 наутро ќе ве запознае со:
– Начинот на кој големите и мудри луѓе ги почнуваат своите утра за да постигнат зачудувачки резултати.
– Малку познатата формула за инспирација и фокусираност за извлекување на најдоброто од денот.
– Докажаната практика што помага лесно да се разбудите додека повеќето луѓе уште спијат, добивајќи скапоцено време за размислување и изразување на својата креативност.
– Револуционерни тактики да ги одбраните своите дарби, таленти и соништа од дигиталното лудило и тривијалните дразби за да можете да уживате во успехот, работата и магичното влијание врз светот.

Среќните луѓе читаат и пијат кафе – Ањес Мартен-Лиган

320.00 ден

Сопруга мајка и сопственичка на кафе-книжарницата Среќните луѓе читаат и пијат кафе во Париз се чини дека Дијан има совршен живот. Но ненадејно ќе ги изгуби саканиот сопруг и ќерката и сè одненадеж застанува. Сè освен нејзиното срце кое и натаму упорно и болно чука. Изгубена во спомените таа повеќе не знае како да живее…

По една година ќе ги шокира семејството и пријателите одлучувајќи да се пресели во едно село на ирскиот брег. Конечно решена повторно да го изгради својот живот – сама. Таму ќе го запознае Едвард, таинствениот фотограф од соседството. Ќе си дозволи ли повторно да сака? Ќе го надвладее ли стравот дека со новата љубов ќе ги изневери саканите кои веќе ги нема?

„Трогателна приказна со многу дијалози која со лесен стил и со многу топлина и разбирање зборува за тоа дека можеме да ги преживееме и најтешките животни моменти.“

Сапиенс – Јувал Харари

500.00 ден

Пред 100 000 години најмалку шест човечки вида живееле на Земјата. Денес има само еден. Ние. Хомо сапиенс. Како се случило нашиот вид да преовладее во битката за доминација? Како нашите предци собирачи и ловци се соединиле и создале градови и кралства? Како дојдовме до тоа да веруваме во богови нации и човекови права; да им веруваме на парите книгите и законите; да бидеме заробеници на бирократијата временските рокови и потрошувачката? И каков ќе биде светот во следните милениуми?

Во „Сапиенс“ д-р Јувал Ноа Харари ја опфаќа целата човечка историја, од првите луѓе на Земјата до радикалните – а понекогаш и катастрофалните – откритија на когнитивните, земјоделските и научните револуции. Врз основа на согледувањата од биологијата, антропологијата, палеонтологијата и економијата, тој истражува како струите на историјата ги обликуваат нашите човечки општества, животните и растенијата околу нас, па дури и нашите личности.

„Сапиенс“ е интернационален бестселер објавен на над 30 јазици низ целиот свет. Храбра, опсежна и провокативна, оваа книга предизвикува сѐ што досега мислевме дека знаеме за тоа што значи да се биде човек: нашите мисли, дејства, моќ… и – нашата иднина.

ни…

Како да се здобијат пријатели и наклоност на луѓето – Дејл Карнеги

400.00 ден

Книгата “Како да се здобијат пријатели и наклоност на луѓето” е еднакво релевантна и корисна денес како и во времето кога била објавена, пред речиси 80 години. Тоа се должи на неверојатната умешност на Дејл Карнеги да проникне длабоко во човековата природа и да ги открие принципите врз чија основа секој човек можел да се развие и максимално да го искористи својот потенцијал. Според Карнеги, финансискиот успех не зависи толку од знаењето што го поседуваме колку од способноста да ги изразиме своите идеи, да преземеме лидерска улога и да го поттикнеме ентузијазмот кај луѓето. Продадена во десетици милиони примероци низ светот, оваа книга содржи многу корисни совети за тоа како брзо и лесно да се здобиете со пријателството и наклоноста на луѓето, како да го зголемите своето влијание во работната средина, како да станете поефикасни, да ги поттикнувате моралот и ентузијазмот кај соработниците, а да ги избегнете недоразбирањата и расправиите во деловниот и семејниот жживот.

Икигаи – Ектор Гарсија (Кираи) и Франсеск Миралјес

320.00 ден

Најдобро чуваната тајна на јапонската долговечност се нарекува икигаи. Значењето на тој збор може да се опише на различни начини но сите тие водат кон едно – причина за живот! Јапонците велат дека секој има свое икигаи. Кога ќе го пронајдете имате сè што ви е неопходно за долг и среќен животен пат.

Идејата за оваа книга се раѓа од средбата меѓу Ектор Гарсија, кој 12 години живее во Јапонија и проникнал во јапонската култура и битот, и популарниот шпански романсиер и психолог Франсеск Миралјес. Тие нè водат во „селото на стогодишниците“ во северниот дел на јапонските острови Окинава. Нè запознаваат со некои од најстарите жители на планетата, кои ни ги предаваат своите поуки за вечна младост – начинот на исхрана, физичката активност, позитивниот светоглед и заемното помагање.

Икигаи ни ги открива тајните на прочуената јапонска долговечност кои понекогаш нам, на луѓето од Запад, ни изгледаат неразбирливо и недостижно. Овој водич за една нова култура на живеење е збогатен со најпознатите јапонски вежби за долга младост и ќе ви покаже дека секој човек може да ужива во долг живот полн со оптимизам и среќа.

Зошто не и вие?

 

„Но во ова сјајно полифонично дело, во кое разновидноста на наративните техники го изненадува и го радува читателот, потсетувањето на вештици и магии постојано е проследено и збогатено со приказни кои се сместени во современиот живот, така што Вештица станува голем роман за Европа. За минатото и сегашноста на Европа. Но, доволно е. Не сакам да го раскажувам овој роман што не може да се раскаже. Ве молам да го прочитате. Со љубовта која ја заслужува.“ Милан Кундера

„Венко Андоновски во романот Вештица ги урива сите стереотипи. Неговиот јазик и по својата синтакса и по својата сензибилност има една благородна мелодика и промислена сигурност. Тој е супериорен мајстор да ги вработи сите зборови и на сите да им даде еднакви, речиси рамносилни задачи и значења. (…) По завршувањето на некои мои книги, многупати сум останувал рамнодушен, мислејќи дека некој друг ги напишал. За романот Вештица, пак, многу повеќе се радував отколку јас да сум го напишал…“  Петре М. Андреевски

Луна – Винка Саздова

250.00 ден

„Што сакаш, всушност, да знаеш?“ гласот ѝ беше сув.

 

„Јас… ми падна тешко што не сакаше да се види со мене“, признав.

 

„Со никого не се гледаше, ако ти е тоа утеха. Секој човек има право на избор, нели?“ го повиши гласот.

 

„Да, да“, промрморив. „А и јас не бев којзнае колку упорна. Му ја почитував одлуката. Можеби и се плашев да го видам таков…“

 

Луна е роман за незавршените комуникации во нашите животи.

Две жени, Роса и Теодора, се обидуваат преку спомените на другата да проникнат во сопственото минато. Заедничка им е љубовта кон Калин, кој пред смртта остава една папка преполна со романтични вознеси за Луна. Која е Луна? Тоа е загатката што двете жени ќе ги принуди на сојузништво. Трагајќи по Луна, тие постапно се доближуваат една до друга и се ослободуваат од сеништата на минатото.

Луна од авторката на Последниот чај, Полиња со диви нарциси и Понекогаш доаѓа среќа.

Човековата потрага по смисла

280.00 ден

На човек може да му се одземе сè, само не и слободата да го избере сопствениот пат Никој не може да го ослободи човек од страдање, ниту наместо него да страда. Но во страдањето човек треба да согледа можност за духовно воздигнување и единствено остварување. Да се живее, значи да се биде одговорен за давање вистински одговори на суштествените прашања. Мемоарите на Виктор Франкл за излегувањето од вителот на страдањето влијаеја врз многу генерации со описите на животот во концентрационите логори на нацистичка Германија и со поуките за душевен спас и преживување. Врз основа на личните и на искуствата на другите луѓе што почнува да ги лекува веднаш по завршувањето на војната, Франкл ја развива психотерапевтската школа логопедија. Тој објаснува дека не можеме да го избегнеме страдањето, но можеме да избереме како да го надминеме и да најдеме смисла во него. Зашто постоењето е можно само кога ќе ги зачуваме човечкото достоинство и смислата на животот. Една од десетте книги што има извршено најголемо влијание врз читателите во светот.

„Мајсторски исткаен роман… со шекспировски заплети и пресврти, кобни знаци и енигми, пророштва и судбини“. Индипендент

„Шафак е храбра писателка… Ова е моќен роман… што провокативно ги разоткрива најмрачните аспекти на верата и љубовта“. Телеграф

Елиф Шафак- Најмоќниот женски глас на светската книжевна сцена

Нема доволно зборови и место за да се каже сè што може за оваа современа турска авторка. За нејзината големина и важност најдобро зборуваат нејзините дела. Преведени на повеќе од 40 светски јазици, македонската публика ја има честа да ја држи в рака третата нејзина книга на македонски. Силни женски ликови, црн хумор, космополитизам и мултикултурализам, преплетување на Истокот и Западот, се само некои од карактеристиките на нејзиното писмо.

Бидете свој психотерапевт – Џенет Рејн Вотер

250.00 ден

Потребна ви е промена? Подготвени сте за промена? Преземете ја одговорноста за себе и својот живот во свои раце. Промената ќе биде успешна доколку навистина сакате да се развиете и доколку сте подготвени да учите како да ја прифатите одговорноста за самите себе.

Бидете свој психотерапевт, преку вежби и теориски објаснувања, со зголемувањето на свеста за самиот себе, постепено нè приближува кон нас самите и нè  подготвува за промена. Ни помага подобро да ги запознаеме луѓето запознавајќи се себеси, да станеме посвесни за односот со нив и да го менуваме тој однос, доколку чувствуваме потреба за тоа. Таа ќе ги поттикне оние што сакаат понатаму да се развиваат, да го променат однесувањето со кое не се задоволни, да ги решаваат своите тешкотии и проблеми, да живеат поисполнето, порадосно и посреќно.

Првиот чекор кон себетерапија започнува со читањето на оваа книга

Патот по кој поретко се оди – Скот Пек

400.00 ден

Не постојат едноставни и лесни одговори за луѓето кои тргнале по патот на духовно созревање. Човештвото е среде голем еволуциски скок. Сè зависи од нас. Универзумот е тука да ни го подготви патот меѓутоа ние самите мораме да зачекориме по него. Потребно е во себе да вградиме систем за постигнување на духовно и ментално здравје. Процесот на себепроширување е многу еволутивен. Кога некој успешно ги проширил своите граници веќе поминал во повисоко ниво на постоење.Д-р Скот Пек, еден од најпознатите светски психотерапевти, ја објаснува, меѓудругото, природата на љубовта како чин на самосозревање. Тој ни одговара на прашањата како да препознаеме вистинска љубов, компатибилност, како да разликуваме зависност од љубов, како да станеме свои, како да бидеме почувствителни родители… Патот по кој поретко се оди инспирираше милиони луѓе ширум светот и е најпродавана книга во оваа област на сите времиња.

Четириесет правила на љубовта – Елиф Шафак

450.00 ден

Во својот заводлив лиричен роман Четириесет правила на љубовта, светски познатата турска авторка Елиф Шафак ни ткае две паралелни приказни – едната современа а другата историска – и преку „четириесетте правила на љубовта“ ни ја доближува древната суфистичка филозофија што се заснова на единството на сите народи и вери и присуството на љубовта во секој од нас.

 

Ела Рубинстајн е четириесетгодишна несреќно омажена домаќинка што добива ангажман да прочита и да напише извештај за Слатко безбожништво – историски роман за судбоносната средба на исламскиот учител Руми и неговиот духовен водач, ексцентричниот дервиш скитник познат како Шемс од Тебриз. Притисната од личните проблеми, но и заинтригирана од мистериозниот автор Азиз З. Захара – фотограф, светски патник и суфист, таа започнува да се допишува со него. Низ приказната за контроверзното духовно пријателство и улогата на дервишот во длабоката преобразба на Руми во посветен мистик, страстен поет и поборник за љубовта, и самата Ела доживува трансформација, сфаќајќи дека Азиз, исто како Шемс, дошол да ја ослободи.

 

Четириесет правила на љубовта е магичен преплет на Истокот и Западот, на минатото и сегашноста, во една безвремена човечна и трогателна приказна што смело ги расветлува разликите меѓу религијата и духовноста, цензурата и сомилоста, стравот и универзалната љубов.

Понекогаш доаѓа среќа – Винка Саздова

250.00 ден

Роман кој ќе ги разбуди вашите чувства, ќе ве замисли, ќе ве возбуди, ќе ве растажи, ќе ве разнежни… „Понекогаш доаѓа среќа“ е приказна за младата Гора која ќе се впушти во лјубовна врска со зрелиот човек Давид. Гора е заплеткана во необични сестрински односи со Ведра, а Давид по разводот од неговата сопруга, опсесивно се врзува за своето синче. Насловот на книгата навестува среќен крај, но до него треба да се стаса низ многу пречки, болни и интимни соочувања и преиспитувања и низ созревање на ликовите

Се гледаме на врвот – Коста Петров

199.00 ден

Преку 10.000 луѓе во изминатите три години ги посетија елитните настани на компанијата Пи Ворлд. Како глобален лидер во својата област, компанијата секојдневно соработува со најголемите светски брендови и ја менува бизнис- реалноста во над 50 земји ширум светот. А сето тоа го прави токму оттука, од Македонија.

Во „Се гледаме на врвот“, Коста Петров, дваесет и деветгодишниот основач на компанијата, ве води на патување низ својата животна приказна полна со неверојатни моменти, со подеми и со падови, пријатни и непријатни искуства кои се неодминлив дел од „патот по кој поретко се оди“. А за оној што ќе го избере тој пат и што ќе истрае на него, на крајот го чека заслужената награда. На своето возбудливо патување, Коста Петров се соочува со големи- те можности на Америка, со горчливите сценарија на Прага, со луксузниот бизнис-центар Дубаи, но и со реалноста на креирање на глобален бренд од Македонија. Се гледаме на врвот е книга за сите оние што верува- ат дека во животот сите се создадени за големи нешта. Влезете во светот каде што сè е можно.

„Книгава ќе има многу читатели. Зошто? Затоа што споделува скапо платени животни лекции со јасна цел: животот да биде подобар со нас. Апликативна духовност достапна секому!“

Моќта на потсвеста – Џозеф Марфи

400.00 ден

Моќта на потсвеста, една од најомилените и најпродаваните инспиративни водичи на сите времиња, ви покажува како менувањето на вашиот начин на размислување може да доведе до драстично подобрување на вашиот жживот. Со помош на практични, разбирливи техники и конкретни примери, д-р Џозеф Марфи ви го открива огромното влијание на потсвеста врз сите животни сфери: парите, односите, работата, среќата – и како да ја примените и да ја насочите нејзината моќ за да ги остварите своите цели и соништа. Оваа неверојатна книга веќе им помогна на читателите ширум светот да го постигнат навидум невозмоното со самото учење како да ја контролираат неверојатната моќ на потсвеста. Сега и вие можете да ги научите овие моќни техники за да го смените својот живот, така што најнапред ќе ги смените своите верувања.

Полиња со диви нарциси – Винка Саздова

250.00 ден

Писмото што останува непрочитано во џебот на едно палто е причина за едно долго патување кон секој изминат и иден миг од животот. Сто и осум жолти ливчиња со непромен- ливата порака: Разбуди ме. Страниците од дневникот, испишани во потрагата по себе, се единствената нишка во лавиринтот на љубовта и неверството. Митови што еманираат од нашето најсекојдневно постоење. Доброволни прогонства и разделби ни ги отвораат портите кон вечно живите детства. Мириси што можат да ги разбудат најскриените агонии на животот, секогаш еден чекор пред нас. Како можеме да го најдеме она што ниту сме знаеле дека воопшто ни припаѓа. Противречноста на очекувањето. Да проникнеш во човекот е исто како тој да се роди повторно. Дали тоа, што еднаш суштински се скинало, може совршено да зацели?

Најновиот роман на Винка Саздова, Полиња со диви нарциси, е необична приказна за едно неверство. Особено восхитуваат веќе докажаното мајсторство во монтажата на нарацијата и суптилната инверзија во која ни се откриваат ликовите. Староста преку младоста, минатото преку иднината. И едното и другото судбински вкрстени во вечното сега.

Калуѓерот што го продаде своето ферари – Робин Шарма

380.00 ден

Калуѓерот што го продаде своето ферари е приказна за Џулиен Ментлу, врвен адвокат, чиј неурамнотежен начин на жживот за малку ќе го доведе до фатален инфаркт во преполната судница. На физичкото пропаѓање му следи и духовна криза, која ќе го натера да размисли за својот жживот и да побара одговор на најважните жживотни прашања. Со надеж дека ќе најде среќа и исполнување, заминува на едно необично патување. Запознавајќи една стара култура открива моќен начин како да го ослободи потенцијалот на својот ум, тело и душа и како да живее со повеќе страст, смисла и мир.Брилијантна мешавина на источната духовна мудрост и острите западни принципи за успех, оваа инспиративна приказна чекор по чекор ни го посочува патот до похрабар и поурамнотежен жживот, жживот исполнет со изобилство и радост.