ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦА
Подреди по
Ravensburger Puzzle Moment: Safari 99pcs
290.00 ден- Сложувалка со 99 парчиња, Возраст: 14+
- Големина на сложувалката : 18x 26 cm
- ВИСКОКВАЛИТЕТНИ КОМПОНЕНТИ – Сложувалките на Равенсбургер се со премиум квалитет, во содржина и материјал.
- ПЕРФЕКТНО СОВПАЃАЊЕ – Без разлика која е голимината на парчињата секое од нив перефктно се совпаѓа
Живот наспроти се – Виктор Франкл
280.00 денПосилна од судбината е храброста со која таа непоколебливо се поднесува
Единаесет месеци по ослободувањето од концентрационен логор, Виктор Франкл одржал низа јавни предавања во Виена. Говорејќи за самоубиството, за тешките физички и ментални болести и за животот во логорот, психијатарот кој наскоро ќе стекне светска слава ги изложил своите клучни сфаќања за смислата на животот. Зборувајќи за издржливоста, тој изложува колку е важно да избереме да го живееме животот дури и кога сме соочени со големи несреќи.
Зборовите на Франкл и денес одекнуваат еднакво силно како и во 1946 година. Тој проникливо ја истражува максимата „Живеј како да живееш по вторпат и како првиот пат да си постапил погрешно!“ и го открива своето основно уверување дека секоја криза содржи можност. Наспроти стравотните ужаси на логорот, од сопствената и од силата на другите логораши Франкл стекнал увид во тоа дека секогаш е можно „да се избере животот“, што е длабока и вонвременска лекција за сите нас.
Сет за цртање 28 PCS Paw Patrol
280.00 денПрактичен уметнички сет со Paw Patrol кој совршено се вклопува во детскиот ранец. Комплетот вклучува 28 елементи, меѓу кои: 8 восочни боички, 12 акварел бои, четка, молив, острилка, гума и 4 боенки со вашите омилени херои. Сето тоа спакувано во шарена, издржлива кутија. Димензии на производот 14x20x3 cm. Сетот е наменет за деца на возраст од: 3+.
Калкулатор AXEL AX-100B 12dgt, 101x138mm Silver
280.00 денКалкулатор AXEL AX-100B 12dgt, 101x138mm Silver
Странецот – Албер Ками
250.00 денЧовекот е единственото суштество кое одбива да биде она што е.
Едно утро Мерсо добива телеграма со известување за смртта на мајка си. Не само што таа вест ја прима ладнокрвно, туку утредента заминува на плажа со Марија, девојка кон која не чувствува ништо посебно. Без да се насети некаква емоција во неговиот карактер, Мерсо најпосле, без премислување, заслепен од летната жештина, убива човек.
Судењето за убиство на Мерсо се претвора во обвинување на неговата рамнодушност. Романот станува филозофска разрешница која ја расветлува апсурдната егзистенција на модерниот човек – борбата на поединецот против наметнатите морални норми.
Зошто Мерсо е туѓинец и дали вреди потрагата која ја води по суштината? Одговорот е во мајсторството на Албер Ками, кој преку психолошкото соголување на неговиот лик, создава ремек-дело на светската книжевност и еден од најзначајните романи на 20 век.
„За искреноста со која ги посочува проблемите со кои е обременета совеста на нашето време.“
Нобеловиот комитет при врачување на наградата на Албер Ками