ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦА

Прикажи 9 12 18 24

Кафе-муабет со себеси – Кристен Хелмстепер

360.00 ден

Уморни сте од едноличното секојдневие без инспирација? Сакате живот полн со авантури остварувајќи ги своите соништа?

Што ако секојдневно скокате од кревет возбудени и полетно преземате нешто за да ги остварите јасно поставените цели за кои сте мислеле дека се невозможни? Размислете – има ли нешто што отсекогаш сте сакале да го направите, но сте мислеле дека е резервирано само за избраните?

Техниката на кафе-муабет на Кристен Хелмстетер ќе ви овозможи:

– да ги промените навиките

– да стекнете здравје и долговечност

– да бидете прекрасен родител или да најдете совршен партнер

– да постигнете богатство и успех – да живеете со нов сјај во очите.

„Кафе-муабет со себеси“ не дава здодевен список на задолженија, туку забавен и делотворен начин секој ден да се будите насмеани и среќно да впловите во својот нов, неверојатен живот. И сето тоа со само петминутни дневни афирмации и шолја вкусно кафе!

„Моќна, досетлива и инспиративна книга што ќе ви покаже како целосно да го искористите својот потенцијал со неколкуминутно дневно сонување големи соништа, колку што е потребно да ја испиете својата шолја кафе. Оваа книга ќе ви го промени животот.“

Кристи Белкамино, најпродавана авторка на „Ју-Ес-Еј тудеј“

Јужно од границата, западно од сонцето – Харуки Мураками

380.00 ден

Приказна за пријателството и љубовта, за илузиите и сенките од минатото, зачинета со многу надреални елементи на граниcата помеЌу јавето и сонот, стварноста и привидот. Во средина во која не се cелосно прифатени, Хајиме и шимамото уште како деcа заедно му се спротивставуваат на светот. Иако животниот пат ги разделува во младоста, повторно ќе ги спои по многу години, кога веќе имаат сосем различни животи. “е успее ли да победи љубовта? Додека на грамофонот се врти плочата Јуно од граниcата, западно од сонcето, Хајиме во мислите се навраќа на безгрините детски денови поминати со шимамото, преплавен од каење поради пропуштените моности. Типично во стилот на голем книевен мајстор, Мураками раскаува како со неколку погрешни одлуки човек мое да го уништи животот – и сопствениот и на саканото човечко битие. А кога тоа ќе се случи, раната никогаш не заcелува.

 

 

Калуѓерот што го продаде своето ферари – Робин Шарма

380.00 ден

Калуѓерот што го продаде своето ферари е приказна за Џулиен Ментлу, врвен адвокат, чиј неурамнотежен начин на жживот за малку ќе го доведе до фатален инфаркт во преполната судница. На физичкото пропаѓање му следи и духовна криза, која ќе го натера да размисли за својот жживот и да побара одговор на најважните жживотни прашања. Со надеж дека ќе најде среќа и исполнување, заминува на едно необично патување. Запознавајќи една стара култура открива моќен начин како да го ослободи потенцијалот на својот ум, тело и душа и како да живее со повеќе страст, смисла и мир.Брилијантна мешавина на источната духовна мудрост и острите западни принципи за успех, оваа инспиративна приказна чекор по чекор ни го посочува патот до похрабар и поурамнотежен жживот, жживот исполнет со изобилство и радост.

Приказни од кафулето – Тошиказу Кавагучи

380.00 ден

Годишните времиња се движат во круг. Исто и животот. Минува низ тешки зими, но на крајот, секогаш доаѓа пролет.

Не можеме да видиме што навистина се крие во срцето на другиот. Кога тонеме во своите грижи, стануваме слепи за чувствата на најблиските. А кога конечно ќе се разбудиме, посакуваме да ги смениме нештата. Што ако навистина постои место во кое можеме да се вратиме во времето?

Во приказната на Тошиказу Кавагучи постои едно кафуле во кое можеме да се вратиме во времето. Но притоа мораме да следиме неколку правила, инаку патувањето може да заврши фатално. Најзначајно е дека треба да се вратиш во сегашноста пред да се излади кафето и дека не смееш да го менуваш минатото. Дали е разумно да се враќаш во времето ако не можеш да го промениш?

Во оваа книга ќе сретнеш неколку ликови кои го прифаќаат предизвикот. Тие ќе те премислат. Ќе ти откријат дека враќањето во времето навистина има смисла, дури и ако подразбира само одново доживување на истиот миг. На крајот, ќе видиме дека во тоа е и суштината – да го живееме секој миг како да нема да се повтори никогаш повеќе.

„Ретко се среќаваат вакви приказни кои завршуваат со искрени солзи радосници.“

Њујорк тајмс