Блог

ДАЛИ МЕГАПОПУЛАРНАТА ИГРА MINECRAFT Е НАВИСТИНА КОРИСНА ЗА ДЕЦАТА?

Пред неколку текста на нашиот блог споделивме истражувања кои покажаа дека децата кои играат видео игри имаат подобри перформанси – концентрација, меморија и визуелни способности. Играјќи ги игрите тие развиваат стратегија, план и концентрација.

Во изминатиот период мега популарната игра Minecraft ги освои речиси сите деца, а голем дел од родителите се во забуна дали таа е добра за нив, за што се работи и што е она што толку многу ги привлекува. Голем дел од роденденските забави станаа тематски, се бара облека со оваа игра, училишни ранци, но и акцесоари.

Minecraft е најпродаваната видео игра во светот, секојдневно руши рекорди на продажба. Објавена беше во Ноември 2011 година, но претходните копии од недовршената верзија беа достапни уште во 2009 година.

Дали знаете дека популарната Minecraft e всушност корисна за децата, па дури и возрасните …. еве зошто.

Истражувањата на оваа тема велат дека да им се даде на децата да ја играат оваа игра е исто како да им се даде боенка и боички. Да цртаат, да творат и да создаваат. Децата во оваа игра ја изразуваат целосно својата креативност, градејќи свет со блокови, куќи, статуи. Во оваа игра нема грешки, креативноста на детето е во преден план, а потоа следува и решавањето на проблемите. Имагинацијата на играчите, креативноста и упорноста доаѓаат до израз. Децата се трудат да изнајдат решение на сите предизвици кои ги задава играта, гледаат тоа да го направат на најкреативниот начин. Учат да планираат и да се организираат.  Во 2013 година едно училиште во Шведска ја применува оваа игра во својата наставна програма, со објаснување дека децата со неа ќе учат за просторно планирање.

На децата секогаш им е потребна релаксација по напорниот ден исполнет со многу обврски. Но, нашиот совет до родителите е секогаш да го конторлираат и ограничат  времето поминато пред компјутер и на видео игри.

А за сите љубители на оваа игра, ние во Супер Нова донесовме многу интересни акцесоари, ранци, шишиња за вода, часовници и лампи од овој бренд. Посетете ја нашата продавница и видете што се има во нашата палета на производи, а доколку сте зафатени со играње Minecraft може да ја посетите и нашата on-line продавница.