Блог

ОТВОРЕНА НОВА ПРОДАВНИЦА SUPER NOVA 2 ВО ТЦ БИСЕР

Со цел да ги задоволиме потребите на нашите клиенти и да бидеме подостапни, нашата мрежа се прошири со отворањето на уште една продавница во нас. Аеродром. Овој пат за локација го избравме срцето на Аеродром, ТЦ Бисер. Нашето мало кралство за детски играчки, литература и подароци се наоѓа на приземјето на трговскиот центар, во непосредна близина на Пеко. Ќе не најдете лесно и едноставно, најшарениот излог со најубавите играчки.

Во нашиот асортиман се опфатени сите возрасти, почнувајќи со сортери и музички проектори за најмалите, до совршени подароци и канцелариски прибор за највозрасните. Забавата за целото семејство е загарантирана со големиот изборна друштвени игри, funko pop фигури, елегантни нотеси, модерна литература… Кај нас ги има популарните Minecraft, Супер Марио и дружината, со Spiderman и популарните кошаркари.

Концепотот на простор е составен од два дел, продажен дел со детски асортиман, и галерија со библиотека на вториот кат, место каде можете да седнете и да уживате во убавиот пишан збор. А до библиотеката ќе стигнете читајќи мотивациони пораки, кои ќе ве мотивираат и инспирираат. Најчитаните и најбараните бестселери, странска литература, но и лектирите потребни за секој ученик.

На денот на отворањето секој посетител имаше можност да го искористи попустот од 15%, а за секоја сметка над 1000 денари следуваше подарок. Голем број насмеани лица, дечиња со балони и задоволни клиенти го препознаа брендот на кој што му веруваат.

Работното време е од понеделник до петок од 9 до 21 часот и сабота  од 10 до 16 часот.

Ве покануваме да не посетите и да уживате во нашиот нов простор.

Само за потсетување, првата продавница на Супер Нова се отвори на 1 септември 2021 година во Порта Аеродром. А сите производи се достапни и он-лине во нашата продавница.

Да споделуваме уште многу среќни моменти и нови почетоци, заедно да испишување нови приказни на среќни клиенти и бренд кој посветено работи со цел да ги исполни сите ваши барања.

Важна информација – Наскоро Super Nova на уште една нова локација,

Прочитајте ја целата информација и добијте -15% попуст со скенирање и приложување на QR кодот