Доаѓа најубавиот период од годината кој сите со нетрпение го очекуваме – лето и летни одмори. Релаксираност, море, плажа, игри и забава поминати на отворен простор. Водата е најголема радост за најмладите, а родителите се соочуваат со многу прашања пред и за време на одморот. Што да понесат за на плажа, како на детето да му е забавно, како да го заштитат од сончевите зраци, но и да му е забавно под сенка? Еве ги нашите совети и препораки …
Кожата на дечињата е многу нежна, чувствителна и тенка, па затоа е неопходно да има добра заштита. Крема за сонце, лесна облека, капа на глава и очила. Децата треба да избегнуваат изложување на сонце во периодот од 12 до 16 часот, кога сонцето е најсилно. Постојано треба да бидат намачкани со крема за сонце со заштитен фактор.
Што ви треба за безгрижен одмор и добра забава?
Најдобро е да го чувате вашето бебе под природна сенка или користете чадори за сонце. Облечете го во памучна лесна облека во светли бои, по можност да биде покриена поголема површина на телото. Земете неколку пара на костими за капење за да можете по секое излегување да можете да менувате и да биде во сув костим. Интересен пешкир или пончо, кој нема да се лизга низ мократа кожа и ќе може безбедно да го заштити.
Заштитете ја главата со шешир, а очињата со очила за сонце. Во нашиот асортиман има одличен избор на модерни детски капи, кои совршено ќе ја заштитат детската глава од јакото сонце, а децата ќе сакаат да ги носат бидејќи се со интересен дизјан.
Девојчињата пак секогаш сакаат интересни детали, но сакаат и да ги копираат мајките. Сакаат да имаат торба како мама, а во неа да си ги стават своите работите кои им се неопходни за на плажа.
Тешко е да го задржите детето на сенка, едноставно тие постојано сакаат да бидат покрај вода. За помалите дечиња понесете базен, кој ќе биде поставен под чадорот, а во него ставете играчки кои детето ги сака. Во нашето богато портфолио за малите пливачи може да најдете и топки, гуми и мускули за пливање, како и дубаци и чамчиња производи кои во моментов се на 30% попуст.
Додека за поголемите дечиња земете некоја интересна друштвена игра и играјте заедно. Може да биде не лути се човече, табла, карти или пак некоја smart games. Децата пак кои обожаваат да бојат и цртаат, може да им понесете водени или темперни бои, па да бојат каменчиња, собрани од плажа. Има толку многу забавни активности кои можете да ги правите, а децата да не бидат на мобилен телефон или таблет.
Се надеваме дека ви помогнавме и ви дадовме интересни идеи за вашиот одмор. Уживајте во летото и имајте безгрижен одмор!