Блог

SUPERNOVA ДЕЛ ОД „МААЛСКИ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ“

Друштво вчера бевме дел од настанот “Маалски игри без граници” кој се одржа во паркот Авионче во Аеродром. Нашиот пулт беше омилен меѓу дечињата, па постојано имаше посетеност. Дечињата се запознаа со нашите производи, влечеа топчиња со играчки од нашата машина со изненадувања…
Се на се си поминавме одлично!

Организаторите на настанот “Маалски игри без граници” велат дека нивната цел е реафирмирање на маалските игри кои се подзаборавени под налетот на новите технологии и виртуелните електронски игри. Нивна цел е да се промовираат и поттикнат здрави практики преку спортување и дружење, како неопходни квалитативни компоненти во животот на секој човек, особено на децата и младите.
Децата играа плочка, се влечеа со јаже, возеа тротинети, а детската смеа и џагор се слушаа надалеку.