Книги, боенки, вежбанки

Прикажи 9 12 18 24

Азбука карти (Стела и Сани)

299.00 ден

И АЗБУКАТА МОЖЕ ДА БИДЕ ЛЕСНА, АКО ЈА ЗНАЕШ НЕЈЗИНАТА ПЕСНА

Пеејќи и редејќи ги картичките на Стела и Сани, азбуката се учи мошне брзо и лесно. Уверете се самите колку е забавно. А, Б, В… сè така до Ш, па одново А и така во круг, азбуката ќе ја научиш брзо како никој друг!

Азбука боенка (Стела и Сани)

199.00 ден

А како авион, или Б како бубамара, сите букви
во боенкава прават шара.
Обојте ги буквите и научете нов збор!
Стела и Сани помогнаа да се одберат зборовите,
а вие забавувајте се со нивно боење!

Мои финансии – 12 месечен планер за финансиска слобода

780.00 ден

Сте слушнале ли за инстаграм-профилот Мои финансии? На колкумина од вас лекциите што сте ги нашле на овој профил веќе ви помогнаа да се стекнете со потребното знаење за подобро управување со парите? Сите знаеме дека финансиите во голема мера господарат со нашиот живот. Доколку добро ги раководиме, ќе имаме и многу поголема контрола врз него.

Овој финансиски планер ќе ви помогне да ја остварите таа цел. Во него ќе најдете:
• 12 финансиски лекции
• финансиски цели и стратегии
• планирање на вашите намирници и оброци
• брзо и едноставно создавање на месечен буџет
• табели за следење на дневните и други трошоци
• планови за заштеда и побрза исплата на долгови.

Моќта на позитивното мислење – Норман Винсент Пил

450.00 ден

Размислувајте позитивно и ќе активирате позитивни сили што носат позитивни резултати.

„Моќта на позитивното мислење“ е една од најпродаваните книги на сите времиња, глобален бестселер преведен на 42 јазика и продаден во над 20 милиони примероци. Таа им помогна на многу луѓе низ светот да живеат целосно и исполнето преку инспиративната порака на Норман Винсент Пил за неопходноста од верба и позитивен став кон животот.

Во овој исклучителен прирачник за исполнет, здрав и вреден живот, Пил со многу практични примери ни ја приближува моќта на верувањето и нејзиното директно благотворно влијание. Неговите практични техники ќе ве поттикнат да ги остварите сите свои амбиции и надежи и да постигнете душевен мир.

Оваа едноставна и остварлива филозофија на животот ќе ве научи:

  • Да верувате во себеси и во сè што правите
  • Да стекнете решителност
  • Да развиете моќ за постигнување на поставените цели
  • Да си го подобрите здравјето
  • Да си овозможите непрестајна циркулација на позитивна енергија
  • Да ги отфрлите непотребните грижи и да живеете опуштено
  • Да ги подобрите личните и професионалните односи
  • Да преземете контрола над околностите
  • Да бидете љубезни – и со другите и со себеси.

Се што знам за љубовта – Доли Олдертон

500.00 ден

Љубовта е тивко, смирувачко, релаксирачко, неизбрзано, педантно, хармонично брмчење. Нешто што лесно можете да заборавите дека е тука и покрај тоа што неговите дланки се испружени под вас во случај да паднете.

Мемоари за раната зрелост со сета нејзина застрашувачка и надежна неизвесност. Кога станува збор за обидите да се стане возрасен, новинарката и поранешната колумнистка на Сандеј тајмс, Доли Олдертон сето тоа го има видено и пробано. Во своите мемоари таа раскажува за заљубувањето, наоѓањето работа, опиеноста, отфрлањето, фактот дека момчето на кое во моментот се потпира воопшто не може да се спореди со нејзините најдобри пријателки. Мемоари за лоши состаноци, добри пријатели и пред сè – прифаќањето дека сме повеќе од доволни.

Екстремно забавна, а на моменти трогателна до солзи, посветена на справувањето со сите видови љубов во животот, духовита, полна со топлина и хумор. „Сѐ што знам за љубовта“ преплетува лични исповеди со сатирични забелешки, кратки потсетници, дневнички записи, рецепти за вкусни јадења – во кои баш секој може да се препознае – и притоа да се смее од сѐ срце.

„Доли Олдертон ја доживувате истовремено како најдобра другарка и како постара сестра, а страниците напишани со нејзина рака ве обвиваат како топла прегратка.“

„Ивнинг стандард“

Малиот принц – Антоан Де Сент-Егзипери

150.00 ден

Погледнат низ детските очи светот е енигма често драматична. Затоа Малиот принц не престанува да поставува прашања за смислата на животот. Одговорите што ги добива од возрасните се бизарни со својот груб рационализам и ја покажуваат во вистинска светлина извештаченоста на светот на возрасните па затоа авторот усогласувајќи го својот светоглед со штедрата фантазија на детето ја наоѓа волшебната формула за излез од агонијата на еден свет лишен од вистинските вредности. Патешествијата на Малиот принц од планета на планета од откритие до откритие се во значајна мера и едукативни а оваа лирска сказна овоплотена со сликовит и езотеричен јазик во целост е поврзана и со традицијата на филозофската апологија и токму тоа е она што ја означува необичноста на Малиот принц за кој без сомневање се можни безброј интерпретации.

Сказната „Малиот принц“, што е раскажана во прво лице и е проследена со навидум наивни цртежи и акварели од авторот и со едноставноста на раскажувачкиот тон, со ненаметливите реплики и со фантастичниот аспект на опишаните доживелици претставува неповторливо четиво, пред сè за децата, но и за читателите од сите возрасти.

Токио засекогаш – Емико Џин

490.00 ден

Љубовта може да нѐ рани исто толку лесно колку што може и да нѐ излечи.

Изуми Танака – или едноставно Изи – е обична тинејџерка која живее со мајка си во едно гратче во Калифорнија, оди во редовно училиште, се дружи со своите најдобри пријателки… до моментот кога ќе открие дека нејзиниот татко е лично престолонаследникот на Јапонија!

Обземена од виор емоции, таа заминува за Јапонија за да ги запознае конечно својот татко и земјата за која отсекогаш сонувала. Но брзо сфаќа дека животот на принцеза не се состои само од балски фустани и тијари. Тука се и лукавите роднини, безмилосните новинари, вековните традиции и обичаи што мора брзо да ги научи… А и намќорестиот и неверојатно привлечен телохранител кој ја следи како сенка и, за среќа, ја разбира подобро од кој било друг.

Изи наскоро ќе се најде помеѓу два света, помеѓу две верзии од себе. Дома никогаш не била доволно „Американка“, а во Јапонија треба да докаже дека е доволно „Јапонка“. Дали ќе подлегне под тежината на круната или ќе ја живее својата бајка среќно засекогаш?

Приказни од кафулето – Тошиказу Кавагучи

380.00 ден

Годишните времиња се движат во круг. Исто и животот. Минува низ тешки зими, но на крајот, секогаш доаѓа пролет.

Не можеме да видиме што навистина се крие во срцето на другиот. Кога тонеме во своите грижи, стануваме слепи за чувствата на најблиските. А кога конечно ќе се разбудиме, посакуваме да ги смениме нештата. Што ако навистина постои место во кое можеме да се вратиме во времето?

Во приказната на Тошиказу Кавагучи постои едно кафуле во кое можеме да се вратиме во времето. Но притоа мораме да следиме неколку правила, инаку патувањето може да заврши фатално. Најзначајно е дека треба да се вратиш во сегашноста пред да се излади кафето и дека не смееш да го менуваш минатото. Дали е разумно да се враќаш во времето ако не можеш да го промениш?

Во оваа книга ќе сретнеш неколку ликови кои го прифаќаат предизвикот. Тие ќе те премислат. Ќе ти откријат дека враќањето во времето навистина има смисла, дури и ако подразбира само одново доживување на истиот миг. На крајот, ќе видиме дека во тоа е и суштината – да го живееме секој миг како да нема да се повтори никогаш повеќе.

„Ретко се среќаваат вакви приказни кои завршуваат со искрени солзи радосници.“

Њујорк тајмс

Странецот – Албер Ками

250.00 ден

Човекот е единственото суштество кое одбива да биде она што е.

Едно утро Мерсо добива телеграма со известување за смртта на мајка си. Не само што таа вест ја прима ладнокрвно, туку утредента заминува на плажа со Марија, девојка кон која не чувствува ништо посебно. Без да се насети некаква емоција во неговиот карактер, Мерсо најпосле, без премислување, заслепен од летната жештина, убива човек.

Судењето за убиство на Мерсо се претвора во обвинување на неговата рамнодушност. Романот станува филозофска разрешница која ја расветлува апсурдната егзистенција на модерниот човек – борбата на поединецот против наметнатите морални норми.

Зошто Мерсо е туѓинец и дали вреди потрагата која ја води по суштината? Одговорот е во мајсторството на Албер Ками, кој преку психолошкото соголување на неговиот лик, создава ремек-дело на светската книжевност и еден од најзначајните романи на 20 век.

„За искреноста со која ги посочува проблемите со кои е обременета совеста на нашето време.“

Нобеловиот комитет при врачување на наградата на Албер Ками

Кафе-муабет со себеси – Кристен Хелмстепер

360.00 ден

Уморни сте од едноличното секојдневие без инспирација? Сакате живот полн со авантури остварувајќи ги своите соништа?

Што ако секојдневно скокате од кревет возбудени и полетно преземате нешто за да ги остварите јасно поставените цели за кои сте мислеле дека се невозможни? Размислете – има ли нешто што отсекогаш сте сакале да го направите, но сте мислеле дека е резервирано само за избраните?

Техниката на кафе-муабет на Кристен Хелмстетер ќе ви овозможи:

– да ги промените навиките

– да стекнете здравје и долговечност

– да бидете прекрасен родител или да најдете совршен партнер

– да постигнете богатство и успех – да живеете со нов сјај во очите.

„Кафе-муабет со себеси“ не дава здодевен список на задолженија, туку забавен и делотворен начин секој ден да се будите насмеани и среќно да впловите во својот нов, неверојатен живот. И сето тоа со само петминутни дневни афирмации и шолја вкусно кафе!

„Моќна, досетлива и инспиративна книга што ќе ви покаже како целосно да го искористите својот потенцијал со неколкуминутно дневно сонување големи соништа, колку што е потребно да ја испиете својата шолја кафе. Оваа книга ќе ви го промени животот.“

Кристи Белкамино, најпродавана авторка на „Ју-Ес-Еј тудеј“

Живот наспроти се – Виктор Франкл

280.00 ден

Посилна од судбината е храброста со која таа непоколебливо се поднесува

Единаесет месеци по ослободувањето од концентрационен логор, Виктор Франкл одржал низа јавни предавања во Виена. Говорејќи за самоубиството, за тешките физички и ментални болести и за животот во логорот, психијатарот кој наскоро ќе стекне светска слава ги изложил своите клучни сфаќања за смислата на животот. Зборувајќи за издржливоста, тој изложува колку е важно да избереме да го живееме животот дури и кога сме соочени со големи несреќи.

Зборовите на Франкл и денес одекнуваат еднакво силно како и во 1946 година. Тој проникливо ја истражува максимата „Живеј како да живееш по вторпат и како првиот пат да си постапил погрешно!“ и го открива своето основно уверување дека секоја криза содржи можност. Наспроти стравотните ужаси на логорот, од сопствената и од силата на другите логораши Франкл стекнал увид во тоа дека секогаш е можно „да се избере животот“, што е длабока и вонвременска лекција за сите нас.

Држете се до своите деца – Габор Мате, Гордон Нојфелд

600.00 ден

Како да ги одгледуваме своите деца подложни на врсничко влијание во новиот дигитален свет?

Современа класика за највознемирувачкиот тренд на нашето време – притисокот на врсниците. Неопходен водич за разбирање на овој проблем и за тоа како да му помогнете на своето дете да се справи со него.

Габор Мате и Гордон Нојфелд се зафаќаат со решавање на поткопаниот родителски авторитет. Децата сè повеќе се угледуваат на врсниците во потрагата по својот идентитет и правилата на однесување. Тоа го нарушува здравиот развој и негува непријателска и сексуализирана младинска култура. Децата стануваат опортунисти подложни најчесто на опасни влијанија, се отуѓуваат и најважно им е да бидат кул.

„Држете се до своите деца“ нуди практични совети за повторно поврзување и воспоставување соодветна домашна хиерархија, а притоа децата да се чувствуваат безбедно и сфатено и одново да ги придобиеме нивната приврзаност и љубов. Родителите можат да ги разбудат во себе вродените инстинкти и повторно да ја преземат својата природна улога да бидат за своите деца вистински извор на разбирање, сигурност и нежност.

„Достојна книга која ни носи навистина нови идеи и свежи гледни точки за родителството.“

Мери Пајфер

Намести си го креветот – Вилијам Х. Мекрејвен

250.00 ден

Ако сакате да си го промените животот кон подобро, почнете со тоа што наутро ќе си го наместите креветот! Вака адмирал Вилијам Х. Мекрејвен ги советува студентите од Универзитетот во Тексас на првиот ден од студиите. Црпејќи инспирација од универзитетскиот слоган „Она што започнува овде ќе го смени светот“, тој ги споделува со нив своите десет начела научени за време на обуката во Американската воена морнарица, кои му помогнале да ги надмине предизвиците не само во долгата кариера како маринец туку и во животот.

Во оваа своја мала но вдахновена книга тој објаснува како секој може да ги искористи овие основни и едноставни лекции за да се промени себеси – а можеби и светот. Пренесувајќи ни ги своите суштинските начела, Мекрејвен раскажува потресни и инспиритивни приказни од својот живот и од животите на луѓето што ги запознал за време на воената обука и служба, кои понекогаш морале одлучно, сочувствено, чесно и смело да донесат тешки одлуки.

Раскажана со неверојатен оптимизам, Намести си го креветот нуди едноставни мудрости, практични совети и охрабрување што нѐ инспирираат да работиме и да оствариме повеќе во својот живот, дури и во неговите најмрачни моменти.

Вилино – Винка Саздова

300.00 ден

Зошто остануваш во зандана кога вратата е ширум отворена? Руми Како се случува оние што се љубеле верно како дрвото и сенката, како дрвото и огнот, да станат туѓинци во иста постела и дневна соба? Жесток роман за повикот на слободата и стравот од неа, и за доброволното ропство во „сигурните“ брачни води. Видан – Огнена – Тони: семеен триаголник на двајца отуѓени сопружници и нивниот син. Потресна приказна за тоа како најблиските што се сакале влегуваат во магичниот круг на повредување на другиот. Книга полна источни мудрости и мистична филозофија. Роман богат со психолошки и до нијанса извајани машки и женски ликови, со што се потврдува мајсторството на авторот покажано и во претходните романи. Префинета симболика на детали, прекогниции, соништа, сеизмографски треперења на душата. И роман терапија: ведриот женски лик на Вили од идиличното Вилино, спротивставено на градот како дувло на страстите. Венко Андоновски Вилино е лек.

1984 – Џорџ Орвел

450.00 ден

Романот „1984“ се вбројува меѓу највлијателните книги на дваесеттиот век и претставува ретко дело чие значење добива се поголема моќ денес, кога неговото предвидување почнува да се остварува.

Објавен во 1949 година, најпознатиот роман на политичкиот сатиричар Џорџ Орвел ни ја открива кошмарната визија за еден тоталитарен, бирократски свет и за обидот на еден обичен човек да ја зачува својата индивидуалност. Мајсторството на „1984“ лежи во авторовото претскажување на модерниот живот – сеприсутноста на телевизијата, искривоколчувањето на јазикот – и неговата способност да создаде толку сеопфатна верзија на пеколот.

Култниот роман и 70 години по објавувањето останува задолжително четиво и се уште важи за една од најзастрашувачките книги што некогаш биле напишани.

Успехот нека стане вашата судбина!

Како да разговарате со некого-Лил Лаундес

450.00 ден

Која е онаа магична вештина што некои луѓе ја поседуваат поради која веднаш ви се лепат за срце? Сите сакаат да им бидат пријатели или да остварат интимна врска со нив. Во деловниот свет самоуверено јурат кон врвот на корпорациското скалило. Како им успева сè што ќе допрат да се претвори во „злато“?

Меѓу кориците на забавната и поучна книга Како да разговарате со секого ќе ги откриете малите трикови што писателката ги издвоила како клучни за постигнување успех. Дефинитивно ќе уживате читајќи ги и вежбајќи ги овие трикови проследени со практични совети и јасни примери и анегдоти.

Малите потези на кои ве учи, а кои без напор можете да ги направите дел од својата секојдневна рутина, ја создаваат вашата судбина. Зашто кога повторувате некое дејство, тоа ви станува навика. Навиките што ги имате го создаваат вашиот карактер. А вашиот карактер е ваша судбина.

Успехот нека стане вашата судбина!