ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦА

Прикажи 9 12 18 24

Копилето од Истанбул – Елиф Шафак

400.00 ден

Во Копилето од Истанбул, Елиф шафак, една од најистакнатите современи турски писателки, го отсликува турбулентното минато на својата земја во јасна и сликовита приказна што се одвива во Турција и во Америка. Централното место го има „копилето“ од насловот, Асја, деветнаесетгодишна девојка што ги обожава Дјони Кеш и француските егзистенцијалисти, и четирите сестри во фамилијата Казандји што живеат под ист покрив во Истанбул: Зелиха, мајката на Асја, бунтовната и своеглава најмала сестра што држи салон за тетовирањеч Бану, која неодамна ја открила „гатачката“ во себеч Дјеврие, вдовица и наставничка по национална историјач и Фериде, хипохондрик опседната со неизбежни катастрофич нивната строга мајка, и нивната баба што тоне во заборавот на Алчајмеровата болест. Нивниот единствен отуѓен брат живее во Аризона со жена си и нејзината ќерка Армануш, Ерменка по татко.

Богат татко, сиромашен татко – Роберт Киосаки

400.00 ден

Книга што го растресе финансискиот свет! Што е разликата во погледите и ставовите на богатите во споредба со обичните луѓе? Во што се разликуваат нивните постапки што даваат драстично поинакви резултати? Роберт Киосаки, инвеститор-милионер, автор и предавач, ја имал единствената шанса да ги открие одговорите на овие прашања уште во своето детство, и тоа од две сосема различни перспективи – богатиот и сиромашниот татко. Едниот, таткото на Роберт, редовен професор со размислувања на обичен работник што работи за плата. И другиот, таткото на неговиот другар, успешен бизнисмен, кој станал негов ментори му ги отворил очите за огромните грешки што ги правел неговиот сиромашен татко во врска со парите. Богат татко, сиромашен татко е лична финансиска перспектива за целосно преиспитување на тоа како функционираат парите. Нè учи како да работиме на сопствената финансиска интелегенција, како да го забрзаме финансискиот прогрес и како ризикот да ни стане сојузник. Богат татко, сиромашен татко е почетна точка за секој што сака да има контрола над својата финансиска иднина.

Последниот чај – Винка Саздова

250.00 ден

Спакувај се и замини! Каде? што е моно подалеку. Зошто? За да дознаеш. што? Не прашувај. Одваи се и тргни! Моеш ли!? Ако мое жената од Последниот чај моеш и ти. Препушти ѝ се да те одведе до Тара, Елена, Савита, Џиду, Тарун, Самир… до самиот тебе.Последниот чај ги отвора нашите сопствени приказни. Нè охрабрува да се соочиме со нив и да ги прифатиме такви какви што се, убави или грди, сеедно.Ова е роман во кој понекогаш и една единствена реченица е голема приказна врз која се останува долго време. Толку долго колку што е потребно таа да се спои со личната приказна на оној што ја чита.Сочувствителен. Љубовен. Неен, а цврст. Меко што зборува за груби болки и вистини, покаувајќи како се исцелуваат и претвораат во спокојство.Сетилата ѝ ги напаЌа шаренилото на боилакот и сивилото на бедотијата, опојните мириси на животот во својот полн ек и реата на животот што згаснува, песната на ветрот и криците на тишината…..

Како да го добиете тоа што го сакате – Џозеф Марфи

280.00 ден

 

Продолжение на најпопуларната книга на Џозеф Марфи Моќта на потсвеста.

В раце држите уште еден подарок од д-р Џозеф Марфи за вас, за подобар и посреќен живот, за напредок во секој поглед. Во секое од тринаесетте поглавја големиот американски духовник се осврнува на некој од општочовечките проблеми.

Го објаснува и дава корисни упатства како да го решите вашиот проблем.

ЉУБОВТА Е СЛОБОДА – само кога искрено сакате, имате вистинско чувство на слобода.
МЕНТАЛНИ ОТРОВИ И ПРОТИВОТРОВИ – менталните отрови се негативните мисли што дејствуваат во вашата потсвест.

СМЕНЕТЕ ГО ЧУВСТВОТО ЗА СВОЕТО „ЈАС“ – сфатете дека вашето „ЈАС“ е божествено, засакајте го и ќе ви следуваат сите можни добра.

ОСТАНЕТЕ ЗАСЕКОГАШ МЛАДИ – пред сè, важно е духот да ви биде млад.

КАКО ДА ГИ ПРИВЛЕЧЕТЕ ПАРИТЕ – ваше право е да бидете богати.

ИСЦЕЛУВАЧКАТА МОЌ НА ЉУБОВТА – од човекот што љуби бегаат болестите и несреќите.

Зошто ми се случува тоа? – сигурно сте се прашувале – еве ви го одговорот!

 

Јужно од границата, западно од сонцето – Харуки Мураками

380.00 ден

Приказна за пријателството и љубовта, за илузиите и сенките од минатото, зачинета со многу надреални елементи на граниcата помеЌу јавето и сонот, стварноста и привидот. Во средина во која не се cелосно прифатени, Хајиме и шимамото уште како деcа заедно му се спротивставуваат на светот. Иако животниот пат ги разделува во младоста, повторно ќе ги спои по многу години, кога веќе имаат сосем различни животи. “е успее ли да победи љубовта? Додека на грамофонот се врти плочата Јуно од граниcата, западно од сонcето, Хајиме во мислите се навраќа на безгрините детски денови поминати со шимамото, преплавен од каење поради пропуштените моности. Типично во стилот на голем книевен мајстор, Мураками раскаува како со неколку погрешни одлуки човек мое да го уништи животот – и сопствениот и на саканото човечко битие. А кога тоа ќе се случи, раната никогаш не заcелува.