Подреди по
Мои финансии – 12 месечен планер за финансиска слобода
780.00 денСте слушнале ли за инстаграм-профилот Мои финансии? На колкумина од вас лекциите што сте ги нашле на овој профил веќе ви помогнаа да се стекнете со потребното знаење за подобро управување со парите? Сите знаеме дека финансиите во голема мера господарат со нашиот живот. Доколку добро ги раководиме, ќе имаме и многу поголема контрола врз него.
Овој финансиски планер ќе ви помогне да ја остварите таа цел. Во него ќе најдете:
• 12 финансиски лекции
• финансиски цели и стратегии
• планирање на вашите намирници и оброци
• брзо и едноставно создавање на месечен буџет
• табели за следење на дневните и други трошоци
• планови за заштеда и побрза исплата на долгови.
Моќта на позитивното мислење – Норман Винсент Пил
450.00 денРазмислувајте позитивно и ќе активирате позитивни сили што носат позитивни резултати.
„Моќта на позитивното мислење“ е една од најпродаваните книги на сите времиња, глобален бестселер преведен на 42 јазика и продаден во над 20 милиони примероци. Таа им помогна на многу луѓе низ светот да живеат целосно и исполнето преку инспиративната порака на Норман Винсент Пил за неопходноста од верба и позитивен став кон животот.
Во овој исклучителен прирачник за исполнет, здрав и вреден живот, Пил со многу практични примери ни ја приближува моќта на верувањето и нејзиното директно благотворно влијание. Неговите практични техники ќе ве поттикнат да ги остварите сите свои амбиции и надежи и да постигнете душевен мир.
Оваа едноставна и остварлива филозофија на животот ќе ве научи:
- Да верувате во себеси и во сè што правите
- Да стекнете решителност
- Да развиете моќ за постигнување на поставените цели
- Да си го подобрите здравјето
- Да си овозможите непрестајна циркулација на позитивна енергија
- Да ги отфрлите непотребните грижи и да живеете опуштено
- Да ги подобрите личните и професионалните односи
- Да преземете контрола над околностите
- Да бидете љубезни – и со другите и со себеси.
Се што знам за љубовта – Доли Олдертон
500.00 денЉубовта е тивко, смирувачко, релаксирачко, неизбрзано, педантно, хармонично брмчење. Нешто што лесно можете да заборавите дека е тука и покрај тоа што неговите дланки се испружени под вас во случај да паднете.
Мемоари за раната зрелост со сета нејзина застрашувачка и надежна неизвесност. Кога станува збор за обидите да се стане возрасен, новинарката и поранешната колумнистка на Сандеј тајмс, Доли Олдертон сето тоа го има видено и пробано. Во своите мемоари таа раскажува за заљубувањето, наоѓањето работа, опиеноста, отфрлањето, фактот дека момчето на кое во моментот се потпира воопшто не може да се спореди со нејзините најдобри пријателки. Мемоари за лоши состаноци, добри пријатели и пред сè – прифаќањето дека сме повеќе од доволни.
Екстремно забавна, а на моменти трогателна до солзи, посветена на справувањето со сите видови љубов во животот, духовита, полна со топлина и хумор. „Сѐ што знам за љубовта“ преплетува лични исповеди со сатирични забелешки, кратки потсетници, дневнички записи, рецепти за вкусни јадења – во кои баш секој може да се препознае – и притоа да се смее од сѐ срце.
„Доли Олдертон ја доживувате истовремено како најдобра другарка и како постара сестра, а страниците напишани со нејзина рака ве обвиваат како топла прегратка.“
„Ивнинг стандард“
Малиот принц – Антоан Де Сент-Егзипери
150.00 денПогледнат низ детските очи светот е енигма често драматична. Затоа Малиот принц не престанува да поставува прашања за смислата на животот. Одговорите што ги добива од возрасните се бизарни со својот груб рационализам и ја покажуваат во вистинска светлина извештаченоста на светот на возрасните па затоа авторот усогласувајќи го својот светоглед со штедрата фантазија на детето ја наоѓа волшебната формула за излез од агонијата на еден свет лишен од вистинските вредности. Патешествијата на Малиот принц од планета на планета од откритие до откритие се во значајна мера и едукативни а оваа лирска сказна овоплотена со сликовит и езотеричен јазик во целост е поврзана и со традицијата на филозофската апологија и токму тоа е она што ја означува необичноста на Малиот принц за кој без сомневање се можни безброј интерпретации.
Сказната „Малиот принц“, што е раскажана во прво лице и е проследена со навидум наивни цртежи и акварели од авторот и со едноставноста на раскажувачкиот тон, со ненаметливите реплики и со фантастичниот аспект на опишаните доживелици претставува неповторливо четиво, пред сè за децата, но и за читателите од сите возрасти.
Токио засекогаш – Емико Џин
490.00 денЉубовта може да нѐ рани исто толку лесно колку што може и да нѐ излечи.
Изуми Танака – или едноставно Изи – е обична тинејџерка која живее со мајка си во едно гратче во Калифорнија, оди во редовно училиште, се дружи со своите најдобри пријателки… до моментот кога ќе открие дека нејзиниот татко е лично престолонаследникот на Јапонија!
Обземена од виор емоции, таа заминува за Јапонија за да ги запознае конечно својот татко и земјата за која отсекогаш сонувала. Но брзо сфаќа дека животот на принцеза не се состои само од балски фустани и тијари. Тука се и лукавите роднини, безмилосните новинари, вековните традиции и обичаи што мора брзо да ги научи… А и намќорестиот и неверојатно привлечен телохранител кој ја следи како сенка и, за среќа, ја разбира подобро од кој било друг.
Изи наскоро ќе се најде помеѓу два света, помеѓу две верзии од себе. Дома никогаш не била доволно „Американка“, а во Јапонија треба да докаже дека е доволно „Јапонка“. Дали ќе подлегне под тежината на круната или ќе ја живее својата бајка среќно засекогаш?
Приказни од кафулето – Тошиказу Кавагучи
380.00 денГодишните времиња се движат во круг. Исто и животот. Минува низ тешки зими, но на крајот, секогаш доаѓа пролет.
Не можеме да видиме што навистина се крие во срцето на другиот. Кога тонеме во своите грижи, стануваме слепи за чувствата на најблиските. А кога конечно ќе се разбудиме, посакуваме да ги смениме нештата. Што ако навистина постои место во кое можеме да се вратиме во времето?
Во приказната на Тошиказу Кавагучи постои едно кафуле во кое можеме да се вратиме во времето. Но притоа мораме да следиме неколку правила, инаку патувањето може да заврши фатално. Најзначајно е дека треба да се вратиш во сегашноста пред да се излади кафето и дека не смееш да го менуваш минатото. Дали е разумно да се враќаш во времето ако не можеш да го промениш?
Во оваа книга ќе сретнеш неколку ликови кои го прифаќаат предизвикот. Тие ќе те премислат. Ќе ти откријат дека враќањето во времето навистина има смисла, дури и ако подразбира само одново доживување на истиот миг. На крајот, ќе видиме дека во тоа е и суштината – да го живееме секој миг како да нема да се повтори никогаш повеќе.
„Ретко се среќаваат вакви приказни кои завршуваат со искрени солзи радосници.“
Њујорк тајмс
Странецот – Албер Ками
250.00 денЧовекот е единственото суштество кое одбива да биде она што е.
Едно утро Мерсо добива телеграма со известување за смртта на мајка си. Не само што таа вест ја прима ладнокрвно, туку утредента заминува на плажа со Марија, девојка кон која не чувствува ништо посебно. Без да се насети некаква емоција во неговиот карактер, Мерсо најпосле, без премислување, заслепен од летната жештина, убива човек.
Судењето за убиство на Мерсо се претвора во обвинување на неговата рамнодушност. Романот станува филозофска разрешница која ја расветлува апсурдната егзистенција на модерниот човек – борбата на поединецот против наметнатите морални норми.
Зошто Мерсо е туѓинец и дали вреди потрагата која ја води по суштината? Одговорот е во мајсторството на Албер Ками, кој преку психолошкото соголување на неговиот лик, создава ремек-дело на светската книжевност и еден од најзначајните романи на 20 век.
„За искреноста со која ги посочува проблемите со кои е обременета совеста на нашето време.“
Нобеловиот комитет при врачување на наградата на Албер Ками
Кафе-муабет со себеси – Кристен Хелмстепер
360.00 денУморни сте од едноличното секојдневие без инспирација? Сакате живот полн со авантури остварувајќи ги своите соништа?
Што ако секојдневно скокате од кревет возбудени и полетно преземате нешто за да ги остварите јасно поставените цели за кои сте мислеле дека се невозможни? Размислете – има ли нешто што отсекогаш сте сакале да го направите, но сте мислеле дека е резервирано само за избраните?
Техниката на кафе-муабет на Кристен Хелмстетер ќе ви овозможи:
– да ги промените навиките
– да стекнете здравје и долговечност
– да бидете прекрасен родител или да најдете совршен партнер
– да постигнете богатство и успех – да живеете со нов сјај во очите.
„Кафе-муабет со себеси“ не дава здодевен список на задолженија, туку забавен и делотворен начин секој ден да се будите насмеани и среќно да впловите во својот нов, неверојатен живот. И сето тоа со само петминутни дневни афирмации и шолја вкусно кафе!
„Моќна, досетлива и инспиративна книга што ќе ви покаже како целосно да го искористите својот потенцијал со неколкуминутно дневно сонување големи соништа, колку што е потребно да ја испиете својата шолја кафе. Оваа книга ќе ви го промени животот.“
Кристи Белкамино, најпродавана авторка на „Ју-Ес-Еј тудеј“
Живот наспроти се – Виктор Франкл
280.00 денПосилна од судбината е храброста со која таа непоколебливо се поднесува
Единаесет месеци по ослободувањето од концентрационен логор, Виктор Франкл одржал низа јавни предавања во Виена. Говорејќи за самоубиството, за тешките физички и ментални болести и за животот во логорот, психијатарот кој наскоро ќе стекне светска слава ги изложил своите клучни сфаќања за смислата на животот. Зборувајќи за издржливоста, тој изложува колку е важно да избереме да го живееме животот дури и кога сме соочени со големи несреќи.
Зборовите на Франкл и денес одекнуваат еднакво силно како и во 1946 година. Тој проникливо ја истражува максимата „Живеј како да живееш по вторпат и како првиот пат да си постапил погрешно!“ и го открива своето основно уверување дека секоја криза содржи можност. Наспроти стравотните ужаси на логорот, од сопствената и од силата на другите логораши Франкл стекнал увид во тоа дека секогаш е можно „да се избере животот“, што е длабока и вонвременска лекција за сите нас.
Држете се до своите деца – Габор Мате, Гордон Нојфелд
600.00 денКако да ги одгледуваме своите деца подложни на врсничко влијание во новиот дигитален свет?
Современа класика за највознемирувачкиот тренд на нашето време – притисокот на врсниците. Неопходен водич за разбирање на овој проблем и за тоа како да му помогнете на своето дете да се справи со него.
Габор Мате и Гордон Нојфелд се зафаќаат со решавање на поткопаниот родителски авторитет. Децата сè повеќе се угледуваат на врсниците во потрагата по својот идентитет и правилата на однесување. Тоа го нарушува здравиот развој и негува непријателска и сексуализирана младинска култура. Децата стануваат опортунисти подложни најчесто на опасни влијанија, се отуѓуваат и најважно им е да бидат кул.
„Држете се до своите деца“ нуди практични совети за повторно поврзување и воспоставување соодветна домашна хиерархија, а притоа децата да се чувствуваат безбедно и сфатено и одново да ги придобиеме нивната приврзаност и љубов. Родителите можат да ги разбудат во себе вродените инстинкти и повторно да ја преземат својата природна улога да бидат за своите деца вистински извор на разбирање, сигурност и нежност.
„Достојна книга која ни носи навистина нови идеи и свежи гледни точки за родителството.“
Мери Пајфер
Намести си го креветот – Вилијам Х. Мекрејвен
250.00 денАко сакате да си го промените животот кон подобро, почнете со тоа што наутро ќе си го наместите креветот! Вака адмирал Вилијам Х. Мекрејвен ги советува студентите од Универзитетот во Тексас на првиот ден од студиите. Црпејќи инспирација од универзитетскиот слоган „Она што започнува овде ќе го смени светот“, тој ги споделува со нив своите десет начела научени за време на обуката во Американската воена морнарица, кои му помогнале да ги надмине предизвиците не само во долгата кариера како маринец туку и во животот.
Во оваа своја мала но вдахновена книга тој објаснува како секој може да ги искористи овие основни и едноставни лекции за да се промени себеси – а можеби и светот. Пренесувајќи ни ги своите суштинските начела, Мекрејвен раскажува потресни и инспиритивни приказни од својот живот и од животите на луѓето што ги запознал за време на воената обука и служба, кои понекогаш морале одлучно, сочувствено, чесно и смело да донесат тешки одлуки.
Раскажана со неверојатен оптимизам, Намести си го креветот нуди едноставни мудрости, практични совети и охрабрување што нѐ инспирираат да работиме и да оствариме повеќе во својот живот, дури и во неговите најмрачни моменти.
Вилино – Винка Саздова
300.00 денЗошто остануваш во зандана кога вратата е ширум отворена? Руми Како се случува оние што се љубеле верно како дрвото и сенката, како дрвото и огнот, да станат туѓинци во иста постела и дневна соба? Жесток роман за повикот на слободата и стравот од неа, и за доброволното ропство во „сигурните“ брачни води. Видан – Огнена – Тони: семеен триаголник на двајца отуѓени сопружници и нивниот син. Потресна приказна за тоа како најблиските што се сакале влегуваат во магичниот круг на повредување на другиот. Книга полна источни мудрости и мистична филозофија. Роман богат со психолошки и до нијанса извајани машки и женски ликови, со што се потврдува мајсторството на авторот покажано и во претходните романи. Префинета симболика на детали, прекогниции, соништа, сеизмографски треперења на душата. И роман терапија: ведриот женски лик на Вили од идиличното Вилино, спротивставено на градот како дувло на страстите. Венко Андоновски Вилино е лек.
1984 – Џорџ Орвел
450.00 денРоманот „1984“ се вбројува меѓу највлијателните книги на дваесеттиот век и претставува ретко дело чие значење добива се поголема моќ денес, кога неговото предвидување почнува да се остварува.
Објавен во 1949 година, најпознатиот роман на политичкиот сатиричар Џорџ Орвел ни ја открива кошмарната визија за еден тоталитарен, бирократски свет и за обидот на еден обичен човек да ја зачува својата индивидуалност. Мајсторството на „1984“ лежи во авторовото претскажување на модерниот живот – сеприсутноста на телевизијата, искривоколчувањето на јазикот – и неговата способност да создаде толку сеопфатна верзија на пеколот.
Култниот роман и 70 години по објавувањето останува задолжително четиво и се уште важи за една од најзастрашувачките книги што некогаш биле напишани.
Успехот нека стане вашата судбина!
Како да разговарате со некого-Лил Лаундес
450.00 денКоја е онаа магична вештина што некои луѓе ја поседуваат поради која веднаш ви се лепат за срце? Сите сакаат да им бидат пријатели или да остварат интимна врска со нив. Во деловниот свет самоуверено јурат кон врвот на корпорациското скалило. Како им успева сè што ќе допрат да се претвори во „злато“?
Меѓу кориците на забавната и поучна книга Како да разговарате со секого ќе ги откриете малите трикови што писателката ги издвоила како клучни за постигнување успех. Дефинитивно ќе уживате читајќи ги и вежбајќи ги овие трикови проследени со практични совети и јасни примери и анегдоти.
Малите потези на кои ве учи, а кои без напор можете да ги направите дел од својата секојдневна рутина, ја создаваат вашата судбина. Зашто кога повторувате некое дејство, тоа ви станува навика. Навиките што ги имате го создаваат вашиот карактер. А вашиот карактер е ваша судбина.
Успехот нека стане вашата судбина!
12 животни правила – Џордан Питерсон
500.00 денПонесен од великаните на западната мисла, од најразлични домени на науката, од религиозните списи и најголемите книжевни дела на човештвото, а пред сè од својата долгогодишна практика, угледниот и светски познат клинички психолог Џордан Питерсон кого Њујорк тајмс го прогласи за еден од „највлијателните интелектуалци на нашето време“ ја резимира вредната етичка, психолошка и филозофска мудрост преточувајќи ја во дванаесет едноставни начела за живот вреден за живеење.
Длабока книга што ќе ве поведе на патот кон вашето најсуштинско јас и ќе го разбуди полниот потенцијал на вашето Битие!
Џордан Б. Питерсон (1962) е канадски клинички психолог, културен критичар и професор по психологија на Универзитетот во Торонто. Неговите главни области се патопсихологија, социјална психологија и психологија на личноста, со посебен нагласок на верските и идеолошките верувања. Во 2016 година, непосредно пред објавувањето на 12 животни правила, Питерсон објави серија видеа на својот Јутјуб-канал, критикувајќи ја политичката коректност во канадската влада, со што доби значајно медиумско внимание. Неговите предавања на Јутјуб имаат над 35 милиони прегледи.
Твојот втор живот започнува кога ќе сфатиш дека имаш само еден – Рафаела Жордано
320.00 денШто да правиш кога одеднаш ќе се најдеш заглавен во стапицата на секојдневната рутина кога ќе сфатиш дека животот веќе не ти носи радост? Имаш навидум сè што ти е потребно но нешто недостига нешто суштинско што го први животот убав интересен неповторлив…
Во еден таков преломен момент Камиј, хероињата на овој волшебен роман, среќава необичен човек со уште понеобично занимање: рутинолог. Од него таа повторно ќе ја открие мудроста на вистинските избори, на заборавањето и прошката. Зашто „животот е како летачки балон што се издига со помош на топол воздух. За да се искачиш повисоко, треба да умееш да се ослободиш од товарот и да исфрлиш преку оградата сѐ што ти пречи да се кренеш“. Постепено, тој ќе ја поттикне обесхрабрената Камиј да се осмели да си постави големи соништа. И да тргне кон нивно остварување. Зашто не е најстрашно да не успееш. Најстрашно е да не се ни обидеш!
Со теоријата на мали чекори, тој ќе ја поведе по патот на самопрочистувањето и самооткривањето, за да проникне повторното во љубовта и чудото на постоењето.
„Рафаела Жордано нè учи како да излеземе од зачмаеноста и повторно да се вљубиме во животот!“
Клубот 5 наутро – Робин Шарма
500.00 денСветски признатиот гуру Робин Шарма ви го претставува концептот на Клубот 5 наутро – докажан систем кој им помогнал на илјадници клиенти максимално да си ја зголемат продуктивноста, да си го подобрат здравјето и да уживаат во спокоен живот во ова динамично и стресно време.
Преку восхитувачка – и честопати забавна – приказна во која главните актери се борат да ги надминат своите лични проблеми и се среќаваат со еден ексцентричен тајкун кој станува нивен таен ментор, Клубот 5 наутро ќе ве запознае со:
– Начинот на кој големите и мудри луѓе ги почнуваат своите утра за да постигнат зачудувачки резултати.
– Малку познатата формула за инспирација и фокусираност за извлекување на најдоброто од денот.
– Докажаната практика што помага лесно да се разбудите додека повеќето луѓе уште спијат, добивајќи скапоцено време за размислување и изразување на својата креативност.
– Револуционерни тактики да ги одбраните своите дарби, таленти и соништа од дигиталното лудило и тривијалните дразби за да можете да уживате во успехот, работата и магичното влијание врз светот.
Среќните луѓе читаат и пијат кафе – Ањес Мартен-Лиган
320.00 денСопруга мајка и сопственичка на кафе-книжарницата Среќните луѓе читаат и пијат кафе во Париз се чини дека Дијан има совршен живот. Но ненадејно ќе ги изгуби саканиот сопруг и ќерката и сè одненадеж застанува. Сè освен нејзиното срце кое и натаму упорно и болно чука. Изгубена во спомените таа повеќе не знае како да живее…
По една година ќе ги шокира семејството и пријателите одлучувајќи да се пресели во едно село на ирскиот брег. Конечно решена повторно да го изгради својот живот – сама. Таму ќе го запознае Едвард, таинствениот фотограф од соседството. Ќе си дозволи ли повторно да сака? Ќе го надвладее ли стравот дека со новата љубов ќе ги изневери саканите кои веќе ги нема?
„Трогателна приказна со многу дијалози која со лесен стил и со многу топлина и разбирање зборува за тоа дека можеме да ги преживееме и најтешките животни моменти.“
Сапиенс – Јувал Харари
500.00 денПред 100 000 години најмалку шест човечки вида живееле на Земјата. Денес има само еден. Ние. Хомо сапиенс. Како се случило нашиот вид да преовладее во битката за доминација? Како нашите предци собирачи и ловци се соединиле и создале градови и кралства? Како дојдовме до тоа да веруваме во богови нации и човекови права; да им веруваме на парите книгите и законите; да бидеме заробеници на бирократијата временските рокови и потрошувачката? И каков ќе биде светот во следните милениуми?
Во „Сапиенс“ д-р Јувал Ноа Харари ја опфаќа целата човечка историја, од првите луѓе на Земјата до радикалните – а понекогаш и катастрофалните – откритија на когнитивните, земјоделските и научните револуции. Врз основа на согледувањата од биологијата, антропологијата, палеонтологијата и економијата, тој истражува како струите на историјата ги обликуваат нашите човечки општества, животните и растенијата околу нас, па дури и нашите личности.
„Сапиенс“ е интернационален бестселер објавен на над 30 јазици низ целиот свет. Храбра, опсежна и провокативна, оваа книга предизвикува сѐ што досега мислевме дека знаеме за тоа што значи да се биде човек: нашите мисли, дејства, моќ… и – нашата иднина.
ни…
Како да се здобијат пријатели и наклоност на луѓето – Дејл Карнеги
400.00 денКнигата “Како да се здобијат пријатели и наклоност на луѓето” е еднакво релевантна и корисна денес како и во времето кога била објавена, пред речиси 80 години. Тоа се должи на неверојатната умешност на Дејл Карнеги да проникне длабоко во човековата природа и да ги открие принципите врз чија основа секој човек можел да се развие и максимално да го искористи својот потенцијал. Според Карнеги, финансискиот успех не зависи толку од знаењето што го поседуваме колку од способноста да ги изразиме своите идеи, да преземеме лидерска улога и да го поттикнеме ентузијазмот кај луѓето. Продадена во десетици милиони примероци низ светот, оваа книга содржи многу корисни совети за тоа како брзо и лесно да се здобиете со пријателството и наклоноста на луѓето, како да го зголемите своето влијание во работната средина, како да станете поефикасни, да ги поттикнувате моралот и ентузијазмот кај соработниците, а да ги избегнете недоразбирањата и расправиите во деловниот и семејниот жживот.
Икигаи – Ектор Гарсија (Кираи) и Франсеск Миралјес
320.00 денНајдобро чуваната тајна на јапонската долговечност се нарекува икигаи. Значењето на тој збор може да се опише на различни начини но сите тие водат кон едно – причина за живот! Јапонците велат дека секој има свое икигаи. Кога ќе го пронајдете имате сè што ви е неопходно за долг и среќен животен пат.
Идејата за оваа книга се раѓа од средбата меѓу Ектор Гарсија, кој 12 години живее во Јапонија и проникнал во јапонската култура и битот, и популарниот шпански романсиер и психолог Франсеск Миралјес. Тие нè водат во „селото на стогодишниците“ во северниот дел на јапонските острови Окинава. Нè запознаваат со некои од најстарите жители на планетата, кои ни ги предаваат своите поуки за вечна младост – начинот на исхрана, физичката активност, позитивниот светоглед и заемното помагање.
Икигаи ни ги открива тајните на прочуената јапонска долговечност кои понекогаш нам, на луѓето од Запад, ни изгледаат неразбирливо и недостижно. Овој водич за една нова култура на живеење е збогатен со најпознатите јапонски вежби за долга младост и ќе ви покаже дека секој човек може да ужива во долг живот полн со оптимизам и среќа.
Зошто не и вие?
„Но во ова сјајно полифонично дело, во кое разновидноста на наративните техники го изненадува и го радува читателот, потсетувањето на вештици и магии постојано е проследено и збогатено со приказни кои се сместени во современиот живот, така што Вештица станува голем роман за Европа. За минатото и сегашноста на Европа. Но, доволно е. Не сакам да го раскажувам овој роман што не може да се раскаже. Ве молам да го прочитате. Со љубовта која ја заслужува.“ Милан Кундера
„Венко Андоновски во романот Вештица ги урива сите стереотипи. Неговиот јазик и по својата синтакса и по својата сензибилност има една благородна мелодика и промислена сигурност. Тој е супериорен мајстор да ги вработи сите зборови и на сите да им даде еднакви, речиси рамносилни задачи и значења. (…) По завршувањето на некои мои книги, многупати сум останувал рамнодушен, мислејќи дека некој друг ги напишал. За романот Вештица, пак, многу повеќе се радував отколку јас да сум го напишал…“ Петре М. Андреевски
Луна – Винка Саздова
250.00 ден„Што сакаш, всушност, да знаеш?“ гласот ѝ беше сув.
„Јас… ми падна тешко што не сакаше да се види со мене“, признав.
„Со никого не се гледаше, ако ти е тоа утеха. Секој човек има право на избор, нели?“ го повиши гласот.
„Да, да“, промрморив. „А и јас не бев којзнае колку упорна. Му ја почитував одлуката. Можеби и се плашев да го видам таков…“
Луна е роман за незавршените комуникации во нашите животи.
Две жени, Роса и Теодора, се обидуваат преку спомените на другата да проникнат во сопственото минато. Заедничка им е љубовта кон Калин, кој пред смртта остава една папка преполна со романтични вознеси за Луна. Која е Луна? Тоа е загатката што двете жени ќе ги принуди на сојузништво. Трагајќи по Луна, тие постапно се доближуваат една до друга и се ослободуваат од сеништата на минатото.
Луна од авторката на Последниот чај, Полиња со диви нарциси и Понекогаш доаѓа среќа.
Човековата потрага по смисла
280.00 денНа човек може да му се одземе сè, само не и слободата да го избере сопствениот пат Никој не може да го ослободи човек од страдање, ниту наместо него да страда. Но во страдањето човек треба да согледа можност за духовно воздигнување и единствено остварување. Да се живее, значи да се биде одговорен за давање вистински одговори на суштествените прашања. Мемоарите на Виктор Франкл за излегувањето од вителот на страдањето влијаеја врз многу генерации со описите на животот во концентрационите логори на нацистичка Германија и со поуките за душевен спас и преживување. Врз основа на личните и на искуствата на другите луѓе што почнува да ги лекува веднаш по завршувањето на војната, Франкл ја развива психотерапевтската школа логопедија. Тој објаснува дека не можеме да го избегнеме страдањето, но можеме да избереме како да го надминеме и да најдеме смисла во него. Зашто постоењето е можно само кога ќе ги зачуваме човечкото достоинство и смислата на животот. Една од десетте книги што има извршено најголемо влијание врз читателите во светот.
„Мајсторски исткаен роман… со шекспировски заплети и пресврти, кобни знаци и енигми, пророштва и судбини“. Индипендент
„Шафак е храбра писателка… Ова е моќен роман… што провокативно ги разоткрива најмрачните аспекти на верата и љубовта“. Телеграф
Елиф Шафак- Најмоќниот женски глас на светската книжевна сцена
Нема доволно зборови и место за да се каже сè што може за оваа современа турска авторка. За нејзината големина и важност најдобро зборуваат нејзините дела. Преведени на повеќе од 40 светски јазици, македонската публика ја има честа да ја држи в рака третата нејзина книга на македонски. Силни женски ликови, црн хумор, космополитизам и мултикултурализам, преплетување на Истокот и Западот, се само некои од карактеристиките на нејзиното писмо.
Бидете свој психотерапевт – Џенет Рејн Вотер
250.00 денПотребна ви е промена? Подготвени сте за промена? Преземете ја одговорноста за себе и својот живот во свои раце. Промената ќе биде успешна доколку навистина сакате да се развиете и доколку сте подготвени да учите како да ја прифатите одговорноста за самите себе.
Бидете свој психотерапевт, преку вежби и теориски објаснувања, со зголемувањето на свеста за самиот себе, постепено нè приближува кон нас самите и нè подготвува за промена. Ни помага подобро да ги запознаеме луѓето запознавајќи се себеси, да станеме посвесни за односот со нив и да го менуваме тој однос, доколку чувствуваме потреба за тоа. Таа ќе ги поттикне оние што сакаат понатаму да се развиваат, да го променат однесувањето со кое не се задоволни, да ги решаваат своите тешкотии и проблеми, да живеат поисполнето, порадосно и посреќно.
Првиот чекор кон себетерапија започнува со читањето на оваа книга