ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦА
Подреди по
Патот по кој поретко се оди – Скот Пек
400.00 денНе постојат едноставни и лесни одговори за луѓето кои тргнале по патот на духовно созревање. Човештвото е среде голем еволуциски скок. Сè зависи од нас. Универзумот е тука да ни го подготви патот меѓутоа ние самите мораме да зачекориме по него. Потребно е во себе да вградиме систем за постигнување на духовно и ментално здравје. Процесот на себепроширување е многу еволутивен. Кога некој успешно ги проширил своите граници веќе поминал во повисоко ниво на постоење.Д-р Скот Пек, еден од најпознатите светски психотерапевти, ја објаснува, меѓудругото, природата на љубовта како чин на самосозревање. Тој ни одговара на прашањата како да препознаеме вистинска љубов, компатибилност, како да разликуваме зависност од љубов, како да станеме свои, како да бидеме почувствителни родители… Патот по кој поретко се оди инспирираше милиони луѓе ширум светот и е најпродавана книга во оваа област на сите времиња.
Моќта на потсвеста – Џозеф Марфи
400.00 денМоќта на потсвеста, една од најомилените и најпродаваните инспиративни водичи на сите времиња, ви покажува како менувањето на вашиот начин на размислување може да доведе до драстично подобрување на вашиот жживот. Со помош на практични, разбирливи техники и конкретни примери, д-р Џозеф Марфи ви го открива огромното влијание на потсвеста врз сите животни сфери: парите, односите, работата, среќата – и како да ја примените и да ја насочите нејзината моќ за да ги остварите своите цели и соништа. Оваа неверојатна книга веќе им помогна на читателите ширум светот да го постигнат навидум невозмоното со самото учење како да ја контролираат неверојатната моќ на потсвеста. Сега и вие можете да ги научите овие моќни техники за да го смените својот живот, така што најнапред ќе ги смените своите верувања.
Копилето од Истанбул – Елиф Шафак
400.00 денВо Копилето од Истанбул, Елиф шафак, една од најистакнатите современи турски писателки, го отсликува турбулентното минато на својата земја во јасна и сликовита приказна што се одвива во Турција и во Америка. Централното место го има „копилето“ од насловот, Асја, деветнаесетгодишна девојка што ги обожава Дјони Кеш и француските егзистенцијалисти, и четирите сестри во фамилијата Казандји што живеат под ист покрив во Истанбул: Зелиха, мајката на Асја, бунтовната и своеглава најмала сестра што држи салон за тетовирањеч Бану, која неодамна ја открила „гатачката“ во себеч Дјеврие, вдовица и наставничка по национална историјач и Фериде, хипохондрик опседната со неизбежни катастрофич нивната строга мајка, и нивната баба што тоне во заборавот на Алчајмеровата болест. Нивниот единствен отуѓен брат живее во Аризона со жена си и нејзината ќерка Армануш, Ерменка по татко.
Богат татко, сиромашен татко – Роберт Киосаки
400.00 денКнига што го растресе финансискиот свет! Што е разликата во погледите и ставовите на богатите во споредба со обичните луѓе? Во што се разликуваат нивните постапки што даваат драстично поинакви резултати? Роберт Киосаки, инвеститор-милионер, автор и предавач, ја имал единствената шанса да ги открие одговорите на овие прашања уште во своето детство, и тоа од две сосема различни перспективи – богатиот и сиромашниот татко. Едниот, таткото на Роберт, редовен професор со размислувања на обичен работник што работи за плата. И другиот, таткото на неговиот другар, успешен бизнисмен, кој станал негов ментори му ги отворил очите за огромните грешки што ги правел неговиот сиромашен татко во врска со парите. Богат татко, сиромашен татко е лична финансиска перспектива за целосно преиспитување на тоа како функционираат парите. Нè учи како да работиме на сопствената финансиска интелегенција, како да го забрзаме финансискиот прогрес и како ризикот да ни стане сојузник. Богат татко, сиромашен татко е почетна точка за секој што сака да има контрола над својата финансиска иднина.
Jumping Clay Kid’s Multi Pack
399.00 денШто има во кутијата
- 1 рефил вреќичка од 18г во бела боја
- 2 рефил вреќички од 10г во 2 различни бои (жолта и црвена)
- 5 рефил вреќички од 5г во 5 разчични бои (портокалова, зелена, сина, виолетова, црна)
- алат потребен за изработка на фигурите
- упатство за изработка на фигурите
Димензии
- 110 х 47 х 170 (мм)