ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦА
Подреди по
Empire State Building – New York
1,990.00 ден3 D сложувалка со 216 парчиња
Големина на сложувалката: 16,5 x 16,5 x 44 cm
Возраст: 12 +
Eiffel Tower – Paris
1,990.00 ден- 3 D сложувалка со 216 парчиња
- Големина на сложувалката : 16,5 x 16,5 x 44 cm
- Возраст: 12 +
Big Ben – London
1,790.00 ден3 D сложувалка со 216 парчиња
Големина на сложувалката : 16,5 x 16,5 x 44 cm
Возраст: 12 +
Tzolkin: The Mayan Calendar
3,490.00 ден- Броj на играчи: 2-4
- Времетраење: 90 мин
- Возраст:13+
- Издавач: CGE
Mansions of Madness: Second Edition
8,490.00 ден- Броj на играчи: 1-5
- Времетраење: 120-180 мин
- Возраст: 14+
- Издавач: Fantasy Flight Games
Twilight New York
890.00 ден- Сложувалка со 1000 парчиња
- Големина на сликата : 70 x 50 cm
- Возраст: 12 +
Small World
3,790.00 ден- Броj играчи: 2-5
- Времетраење: 60-90 мин
- Возраст: +8
- Издавач: Days of Wonder
Codenames
1,490.00 ден- Број на играчи: 2-8
- Времетраење: 15-30 мин.
- Возраст: 14+
- Издавач: Czech Games Edition
Намести си го креветот – Вилијам Х. Мекрејвен
250.00 денАко сакате да си го промените животот кон подобро, почнете со тоа што наутро ќе си го наместите креветот! Вака адмирал Вилијам Х. Мекрејвен ги советува студентите од Универзитетот во Тексас на првиот ден од студиите. Црпејќи инспирација од универзитетскиот слоган „Она што започнува овде ќе го смени светот“, тој ги споделува со нив своите десет начела научени за време на обуката во Американската воена морнарица, кои му помогнале да ги надмине предизвиците не само во долгата кариера како маринец туку и во животот.
Во оваа своја мала но вдахновена книга тој објаснува како секој може да ги искористи овие основни и едноставни лекции за да се промени себеси – а можеби и светот. Пренесувајќи ни ги своите суштинските начела, Мекрејвен раскажува потресни и инспиритивни приказни од својот живот и од животите на луѓето што ги запознал за време на воената обука и служба, кои понекогаш морале одлучно, сочувствено, чесно и смело да донесат тешки одлуки.
Раскажана со неверојатен оптимизам, Намести си го креветот нуди едноставни мудрости, практични совети и охрабрување што нѐ инспирираат да работиме и да оствариме повеќе во својот живот, дури и во неговите најмрачни моменти.
Вилино – Винка Саздова
300.00 денЗошто остануваш во зандана кога вратата е ширум отворена? Руми Како се случува оние што се љубеле верно како дрвото и сенката, како дрвото и огнот, да станат туѓинци во иста постела и дневна соба? Жесток роман за повикот на слободата и стравот од неа, и за доброволното ропство во „сигурните“ брачни води. Видан – Огнена – Тони: семеен триаголник на двајца отуѓени сопружници и нивниот син. Потресна приказна за тоа како најблиските што се сакале влегуваат во магичниот круг на повредување на другиот. Книга полна источни мудрости и мистична филозофија. Роман богат со психолошки и до нијанса извајани машки и женски ликови, со што се потврдува мајсторството на авторот покажано и во претходните романи. Префинета симболика на детали, прекогниции, соништа, сеизмографски треперења на душата. И роман терапија: ведриот женски лик на Вили од идиличното Вилино, спротивставено на градот како дувло на страстите. Венко Андоновски Вилино е лек.
1984 – Џорџ Орвел
450.00 денРоманот „1984“ се вбројува меѓу највлијателните книги на дваесеттиот век и претставува ретко дело чие значење добива се поголема моќ денес, кога неговото предвидување почнува да се остварува.
Објавен во 1949 година, најпознатиот роман на политичкиот сатиричар Џорџ Орвел ни ја открива кошмарната визија за еден тоталитарен, бирократски свет и за обидот на еден обичен човек да ја зачува својата индивидуалност. Мајсторството на „1984“ лежи во авторовото претскажување на модерниот живот – сеприсутноста на телевизијата, искривоколчувањето на јазикот – и неговата способност да создаде толку сеопфатна верзија на пеколот.
Култниот роман и 70 години по објавувањето останува задолжително четиво и се уште важи за една од најзастрашувачките книги што некогаш биле напишани.
Успехот нека стане вашата судбина!
12 животни правила – Џордан Питерсон
500.00 денПонесен од великаните на западната мисла, од најразлични домени на науката, од религиозните списи и најголемите книжевни дела на човештвото, а пред сè од својата долгогодишна практика, угледниот и светски познат клинички психолог Џордан Питерсон кого Њујорк тајмс го прогласи за еден од „највлијателните интелектуалци на нашето време“ ја резимира вредната етичка, психолошка и филозофска мудрост преточувајќи ја во дванаесет едноставни начела за живот вреден за живеење.
Длабока книга што ќе ве поведе на патот кон вашето најсуштинско јас и ќе го разбуди полниот потенцијал на вашето Битие!
Џордан Б. Питерсон (1962) е канадски клинички психолог, културен критичар и професор по психологија на Универзитетот во Торонто. Неговите главни области се патопсихологија, социјална психологија и психологија на личноста, со посебен нагласок на верските и идеолошките верувања. Во 2016 година, непосредно пред објавувањето на 12 животни правила, Питерсон објави серија видеа на својот Јутјуб-канал, критикувајќи ја политичката коректност во канадската влада, со што доби значајно медиумско внимание. Неговите предавања на Јутјуб имаат над 35 милиони прегледи.