ОНЛАЈН ПРОДАВНИЦА
Подреди по
Луна – Винка Саздова
250.00 ден„Што сакаш, всушност, да знаеш?“ гласот ѝ беше сув.
„Јас… ми падна тешко што не сакаше да се види со мене“, признав.
„Со никого не се гледаше, ако ти е тоа утеха. Секој човек има право на избор, нели?“ го повиши гласот.
„Да, да“, промрморив. „А и јас не бев којзнае колку упорна. Му ја почитував одлуката. Можеби и се плашев да го видам таков…“
Луна е роман за незавршените комуникации во нашите животи.
Две жени, Роса и Теодора, се обидуваат преку спомените на другата да проникнат во сопственото минато. Заедничка им е љубовта кон Калин, кој пред смртта остава една папка преполна со романтични вознеси за Луна. Која е Луна? Тоа е загатката што двете жени ќе ги принуди на сојузништво. Трагајќи по Луна, тие постапно се доближуваат една до друга и се ослободуваат од сеништата на минатото.
Луна од авторката на Последниот чај, Полиња со диви нарциси и Понекогаш доаѓа среќа.
Бидете свој психотерапевт – Џенет Рејн Вотер
250.00 денПотребна ви е промена? Подготвени сте за промена? Преземете ја одговорноста за себе и својот живот во свои раце. Промената ќе биде успешна доколку навистина сакате да се развиете и доколку сте подготвени да учите како да ја прифатите одговорноста за самите себе.
Бидете свој психотерапевт, преку вежби и теориски објаснувања, со зголемувањето на свеста за самиот себе, постепено нè приближува кон нас самите и нè подготвува за промена. Ни помага подобро да ги запознаеме луѓето запознавајќи се себеси, да станеме посвесни за односот со нив и да го менуваме тој однос, доколку чувствуваме потреба за тоа. Таа ќе ги поттикне оние што сакаат понатаму да се развиваат, да го променат однесувањето со кое не се задоволни, да ги решаваат своите тешкотии и проблеми, да живеат поисполнето, порадосно и посреќно.
Првиот чекор кон себетерапија започнува со читањето на оваа книга
Патот по кој поретко се оди – Скот Пек
400.00 денНе постојат едноставни и лесни одговори за луѓето кои тргнале по патот на духовно созревање. Човештвото е среде голем еволуциски скок. Сè зависи од нас. Универзумот е тука да ни го подготви патот меѓутоа ние самите мораме да зачекориме по него. Потребно е во себе да вградиме систем за постигнување на духовно и ментално здравје. Процесот на себепроширување е многу еволутивен. Кога некој успешно ги проширил своите граници веќе поминал во повисоко ниво на постоење.Д-р Скот Пек, еден од најпознатите светски психотерапевти, ја објаснува, меѓудругото, природата на љубовта како чин на самосозревање. Тој ни одговара на прашањата како да препознаеме вистинска љубов, компатибилност, како да разликуваме зависност од љубов, како да станеме свои, како да бидеме почувствителни родители… Патот по кој поретко се оди инспирираше милиони луѓе ширум светот и е најпродавана книга во оваа област на сите времиња.
Четириесет правила на љубовта – Елиф Шафак
450.00 денВо својот заводлив лиричен роман Четириесет правила на љубовта, светски познатата турска авторка Елиф Шафак ни ткае две паралелни приказни – едната современа а другата историска – и преку „четириесетте правила на љубовта“ ни ја доближува древната суфистичка филозофија што се заснова на единството на сите народи и вери и присуството на љубовта во секој од нас.
Ела Рубинстајн е четириесетгодишна несреќно омажена домаќинка што добива ангажман да прочита и да напише извештај за Слатко безбожништво – историски роман за судбоносната средба на исламскиот учител Руми и неговиот духовен водач, ексцентричниот дервиш скитник познат како Шемс од Тебриз. Притисната од личните проблеми, но и заинтригирана од мистериозниот автор Азиз З. Захара – фотограф, светски патник и суфист, таа започнува да се допишува со него. Низ приказната за контроверзното духовно пријателство и улогата на дервишот во длабоката преобразба на Руми во посветен мистик, страстен поет и поборник за љубовта, и самата Ела доживува трансформација, сфаќајќи дека Азиз, исто како Шемс, дошол да ја ослободи.
Четириесет правила на љубовта е магичен преплет на Истокот и Западот, на минатото и сегашноста, во една безвремена човечна и трогателна приказна што смело ги расветлува разликите меѓу религијата и духовноста, цензурата и сомилоста, стравот и универзалната љубов.
Понекогаш доаѓа среќа – Винка Саздова
250.00 денРоман кој ќе ги разбуди вашите чувства, ќе ве замисли, ќе ве возбуди, ќе ве растажи, ќе ве разнежни… „Понекогаш доаѓа среќа“ е приказна за младата Гора која ќе се впушти во лјубовна врска со зрелиот човек Давид. Гора е заплеткана во необични сестрински односи со Ведра, а Давид по разводот од неговата сопруга, опсесивно се врзува за своето синче. Насловот на книгата навестува среќен крај, но до него треба да се стаса низ многу пречки, болни и интимни соочувања и преиспитувања и низ созревање на ликовите
Се гледаме на врвот – Коста Петров
199.00 денПреку 10.000 луѓе во изминатите три години ги посетија елитните настани на компанијата Пи Ворлд. Како глобален лидер во својата област, компанијата секојдневно соработува со најголемите светски брендови и ја менува бизнис- реалноста во над 50 земји ширум светот. А сето тоа го прави токму оттука, од Македонија.
Во „Се гледаме на врвот“, Коста Петров, дваесет и деветгодишниот основач на компанијата, ве води на патување низ својата животна приказна полна со неверојатни моменти, со подеми и со падови, пријатни и непријатни искуства кои се неодминлив дел од „патот по кој поретко се оди“. А за оној што ќе го избере тој пат и што ќе истрае на него, на крајот го чека заслужената награда. На своето возбудливо патување, Коста Петров се соочува со големи- те можности на Америка, со горчливите сценарија на Прага, со луксузниот бизнис-центар Дубаи, но и со реалноста на креирање на глобален бренд од Македонија. Се гледаме на врвот е книга за сите оние што верува- ат дека во животот сите се создадени за големи нешта. Влезете во светот каде што сè е можно.
„Книгава ќе има многу читатели. Зошто? Затоа што споделува скапо платени животни лекции со јасна цел: животот да биде подобар со нас. Апликативна духовност достапна секому!“
Моќта на потсвеста – Џозеф Марфи
400.00 денМоќта на потсвеста, една од најомилените и најпродаваните инспиративни водичи на сите времиња, ви покажува како менувањето на вашиот начин на размислување може да доведе до драстично подобрување на вашиот жживот. Со помош на практични, разбирливи техники и конкретни примери, д-р Џозеф Марфи ви го открива огромното влијание на потсвеста врз сите животни сфери: парите, односите, работата, среќата – и како да ја примените и да ја насочите нејзината моќ за да ги остварите своите цели и соништа. Оваа неверојатна книга веќе им помогна на читателите ширум светот да го постигнат навидум невозмоното со самото учење како да ја контролираат неверојатната моќ на потсвеста. Сега и вие можете да ги научите овие моќни техники за да го смените својот живот, така што најнапред ќе ги смените своите верувања.
Полиња со диви нарциси – Винка Саздова
250.00 денПисмото што останува непрочитано во џебот на едно палто е причина за едно долго патување кон секој изминат и иден миг од животот. Сто и осум жолти ливчиња со непромен- ливата порака: Разбуди ме. Страниците од дневникот, испишани во потрагата по себе, се единствената нишка во лавиринтот на љубовта и неверството. Митови што еманираат од нашето најсекојдневно постоење. Доброволни прогонства и разделби ни ги отвораат портите кон вечно живите детства. Мириси што можат да ги разбудат најскриените агонии на животот, секогаш еден чекор пред нас. Како можеме да го најдеме она што ниту сме знаеле дека воопшто ни припаѓа. Противречноста на очекувањето. Да проникнеш во човекот е исто како тој да се роди повторно. Дали тоа, што еднаш суштински се скинало, може совршено да зацели?
Најновиот роман на Винка Саздова, Полиња со диви нарциси, е необична приказна за едно неверство. Особено восхитуваат веќе докажаното мајсторство во монтажата на нарацијата и суптилната инверзија во која ни се откриваат ликовите. Староста преку младоста, минатото преку иднината. И едното и другото судбински вкрстени во вечното сега.
Калуѓерот што го продаде своето ферари – Робин Шарма
380.00 денКалуѓерот што го продаде своето ферари е приказна за Џулиен Ментлу, врвен адвокат, чиј неурамнотежен начин на жживот за малку ќе го доведе до фатален инфаркт во преполната судница. На физичкото пропаѓање му следи и духовна криза, која ќе го натера да размисли за својот жживот и да побара одговор на најважните жживотни прашања. Со надеж дека ќе најде среќа и исполнување, заминува на едно необично патување. Запознавајќи една стара култура открива моќен начин како да го ослободи потенцијалот на својот ум, тело и душа и како да живее со повеќе страст, смисла и мир.Брилијантна мешавина на источната духовна мудрост и острите западни принципи за успех, оваа инспиративна приказна чекор по чекор ни го посочува патот до похрабар и поурамнотежен жживот, жживот исполнет со изобилство и радост.
Копилето од Истанбул – Елиф Шафак
400.00 денВо Копилето од Истанбул, Елиф шафак, една од најистакнатите современи турски писателки, го отсликува турбулентното минато на својата земја во јасна и сликовита приказна што се одвива во Турција и во Америка. Централното место го има „копилето“ од насловот, Асја, деветнаесетгодишна девојка што ги обожава Дјони Кеш и француските егзистенцијалисти, и четирите сестри во фамилијата Казандји што живеат под ист покрив во Истанбул: Зелиха, мајката на Асја, бунтовната и своеглава најмала сестра што држи салон за тетовирањеч Бану, која неодамна ја открила „гатачката“ во себеч Дјеврие, вдовица и наставничка по национална историјач и Фериде, хипохондрик опседната со неизбежни катастрофич нивната строга мајка, и нивната баба што тоне во заборавот на Алчајмеровата болест. Нивниот единствен отуѓен брат живее во Аризона со жена си и нејзината ќерка Армануш, Ерменка по татко.
Богат татко, сиромашен татко – Роберт Киосаки
400.00 денКнига што го растресе финансискиот свет! Што е разликата во погледите и ставовите на богатите во споредба со обичните луѓе? Во што се разликуваат нивните постапки што даваат драстично поинакви резултати? Роберт Киосаки, инвеститор-милионер, автор и предавач, ја имал единствената шанса да ги открие одговорите на овие прашања уште во своето детство, и тоа од две сосема различни перспективи – богатиот и сиромашниот татко. Едниот, таткото на Роберт, редовен професор со размислувања на обичен работник што работи за плата. И другиот, таткото на неговиот другар, успешен бизнисмен, кој станал негов ментори му ги отворил очите за огромните грешки што ги правел неговиот сиромашен татко во врска со парите. Богат татко, сиромашен татко е лична финансиска перспектива за целосно преиспитување на тоа како функционираат парите. Нè учи како да работиме на сопствената финансиска интелегенција, како да го забрзаме финансискиот прогрес и како ризикот да ни стане сојузник. Богат татко, сиромашен татко е почетна точка за секој што сака да има контрола над својата финансиска иднина.
Последниот чај – Винка Саздова
250.00 денСпакувај се и замини! Каде? што е моно подалеку. Зошто? За да дознаеш. што? Не прашувај. Одваи се и тргни! Моеш ли!? Ако мое жената од Последниот чај моеш и ти. Препушти ѝ се да те одведе до Тара, Елена, Савита, Џиду, Тарун, Самир… до самиот тебе.Последниот чај ги отвора нашите сопствени приказни. Нè охрабрува да се соочиме со нив и да ги прифатиме такви какви што се, убави или грди, сеедно.Ова е роман во кој понекогаш и една единствена реченица е голема приказна врз која се останува долго време. Толку долго колку што е потребно таа да се спои со личната приказна на оној што ја чита.Сочувствителен. Љубовен. Неен, а цврст. Меко што зборува за груби болки и вистини, покаувајќи како се исцелуваат и претвораат во спокојство.Сетилата ѝ ги напаЌа шаренилото на боилакот и сивилото на бедотијата, опојните мириси на животот во својот полн ек и реата на животот што згаснува, песната на ветрот и криците на тишината…..
Јужно од границата, западно од сонцето – Харуки Мураками
380.00 денПриказна за пријателството и љубовта, за илузиите и сенките од минатото, зачинета со многу надреални елементи на граниcата помеЌу јавето и сонот, стварноста и привидот. Во средина во која не се cелосно прифатени, Хајиме и шимамото уште како деcа заедно му се спротивставуваат на светот. Иако животниот пат ги разделува во младоста, повторно ќе ги спои по многу години, кога веќе имаат сосем различни животи. “е успее ли да победи љубовта? Додека на грамофонот се врти плочата Јуно од граниcата, западно од сонcето, Хајиме во мислите се навраќа на безгрините детски денови поминати со шимамото, преплавен од каење поради пропуштените моности. Типично во стилот на голем книевен мајстор, Мураками раскаува како со неколку погрешни одлуки човек мое да го уништи животот – и сопствениот и на саканото човечко битие. А кога тоа ќе се случи, раната никогаш не заcелува.
Paladone Minecraft – Panda Icon Light
1,190.00 денОпис
Brighten up your home or shelves with this adorable Panda Icon Light.
The 11cm (4.3″) tall light is shaped like the jungle creature from Minecraft holding a stick of bamboo. Turn it on to bring the Panda to life with a soothing warm glow. It’s perfect for your bedside table.
Power your light with 2x AAA batteries (not included).
The Panda Icon Light is a great light-up collectible for Minecraft fans and gamers.
Collect all the Minecraft icon lights
11cm (4.3″) tall shaped light
Powered by 2x AAA batteries (not included)
Officially licensed Minecraft product
Paladone Minecraft – Fox Icon Light
1,190.00 денОпис
The Minecraft Fox Light by Paladone is the ultimate accessory for all Minecraft fans! Inspired by the adorable fox from the game, this light adds a playful touch to any space, bringing the charm of Minecraft to your home. Perfect for bedrooms, desks, and gaming spaces, this light creates a cozy atmosphere that you’ll love.
Iconic Minecraft Fox Design: Captures the beloved Minecraft fox, adding unique style and character to your space.
Soft, Warm Glow: Emits a gentle, warm light, perfect for relaxation and adding a cute ambiance to your room.
Compact and Stylish Size: Fits perfectly anywhere, from your nightstand and shelf to your desk, bringing the world of Minecraft into your everyday life.
The PALADONE ICONS MINECRAFT FOX LIGHT is the perfect gift for Minecraft fans who want to add a sense of adventure and playfulness to their space. Bring the world of Minecraft to life at home with this adorable light!