Книги, боенки, вежбанки
Подреди по
Птици на жица 1 Боенка А4
68.00 денБилјана С. Црвенковска
Смешни чудовишта Боенка А4
68.00 денБилјана С. Црвенковска
Математички игри 2
120.00 денИздавачка куќа : Арс ЛАМИНА
Број на страни: 24
Малиот принц – Антоан Де Сент-Егзипери
150.00 денПогледнат низ детските очи светот е енигма често драматична. Затоа Малиот принц не престанува да поставува прашања за смислата на животот. Одговорите што ги добива од возрасните се бизарни со својот груб рационализам и ја покажуваат во вистинска светлина извештаченоста на светот на возрасните па затоа авторот усогласувајќи го својот светоглед со штедрата фантазија на детето ја наоѓа волшебната формула за излез од агонијата на еден свет лишен од вистинските вредности. Патешествијата на Малиот принц од планета на планета од откритие до откритие се во значајна мера и едукативни а оваа лирска сказна овоплотена со сликовит и езотеричен јазик во целост е поврзана и со традицијата на филозофската апологија и токму тоа е она што ја означува необичноста на Малиот принц за кој без сомневање се можни безброј интерпретации.
Сказната „Малиот принц“, што е раскажана во прво лице и е проследена со навидум наивни цртежи и акварели од авторот и со едноставноста на раскажувачкиот тон, со ненаметливите реплики и со фантастичниот аспект на опишаните доживелици претставува неповторливо четиво, пред сè за децата, но и за читателите од сите возрасти.
Боенка Creative Dinosaur Party 40pg.
190.00 денБоенка 40стр, 21х30cm, Creative Dinosaur
Party 75296
Се гледаме на врвот – Коста Петров
199.00 денПреку 10.000 луѓе во изминатите три години ги посетија елитните настани на компанијата Пи Ворлд. Како глобален лидер во својата област, компанијата секојдневно соработува со најголемите светски брендови и ја менува бизнис- реалноста во над 50 земји ширум светот. А сето тоа го прави токму оттука, од Македонија.
Во „Се гледаме на врвот“, Коста Петров, дваесет и деветгодишниот основач на компанијата, ве води на патување низ својата животна приказна полна со неверојатни моменти, со подеми и со падови, пријатни и непријатни искуства кои се неодминлив дел од „патот по кој поретко се оди“. А за оној што ќе го избере тој пат и што ќе истрае на него, на крајот го чека заслужената награда. На своето возбудливо патување, Коста Петров се соочува со големи- те можности на Америка, со горчливите сценарија на Прага, со луксузниот бизнис-центар Дубаи, но и со реалноста на креирање на глобален бренд од Македонија. Се гледаме на врвот е книга за сите оние што верува- ат дека во животот сите се создадени за големи нешта. Влезете во светот каде што сè е можно.
„Книгава ќе има многу читатели. Зошто? Затоа што споделува скапо платени животни лекции со јасна цел: животот да биде подобар со нас. Апликативна духовност достапна секому!“
Азбука боенка (Стела и Сани)
199.00 денА како авион, или Б како бубамара, сите букви
во боенкава прават шара.
Обојте ги буквите и научете нов збор!
Стела и Сани помогнаа да се одберат зборовите,
а вие забавувајте се со нивно боење!