Книги, боенки, вежбанки

Прикажи 9 12 18 24

Книга „Германски со љубов – Deutsch mit Liebe 1“

990.00 ден

Книгата „Германски со љубов – Deutsch mit Liebe 1“ е наменета за сите кои имаат желба да го изучуваат германскиот јазик, почетно ниво, независно од возраста.

Книгата е поделена во шест дела:

– Теоретски дел и аудиоматеријал, лесно достапен преку QR код што ве води директно на веб-страницата http://www.germanskisoljubov.mk

 

(Теоретскиот дел на книгата има појаснувања на македонски јазик, што дополнително го олеснува изучувањето на германскиот јазик)

– Преглед на вокабулар – табеларен преглед на вокабуларот, кој се среќава низ целиот теоретски дел;

– Вежбанка – дел со вежби кон теоретскиот дел;

– Краток преглед на граматиката од теоретскиот дел;

– Преглед на вокабуларот за самопроверка – Ова го научив;

– Преглед на решенијата од вежбанката.

Мои финансии – 12 месечен планер за финансиска слобода

780.00 ден

Сте слушнале ли за инстаграм-профилот Мои финансии? На колкумина од вас лекциите што сте ги нашле на овој профил веќе ви помогнаа да се стекнете со потребното знаење за подобро управување со парите? Сите знаеме дека финансиите во голема мера господарат со нашиот живот. Доколку добро ги раководиме, ќе имаме и многу поголема контрола врз него.

Овој финансиски планер ќе ви помогне да ја остварите таа цел. Во него ќе најдете:
• 12 финансиски лекции
• финансиски цели и стратегии
• планирање на вашите намирници и оброци
• брзо и едноставно создавање на месечен буџет
• табели за следење на дневните и други трошоци
• планови за заштеда и побрза исплата на долгови.

Jumping Clay Сет 6 бои – Colorful 18g Set

649.00 ден

Што има во кутијата

  • • 6x18g (бела, жолта, црвена, зелена, сина и задна)
    • 1x алатка за моделирање
    • 2x детски калапи (случајни)
    • 1x прирачник

Димензии

  • 182 х 60 х 182 мм

Држете се до своите деца – Габор Мате, Гордон Нојфелд

600.00 ден

Како да ги одгледуваме своите деца подложни на врсничко влијание во новиот дигитален свет?

Современа класика за највознемирувачкиот тренд на нашето време – притисокот на врсниците. Неопходен водич за разбирање на овој проблем и за тоа како да му помогнете на своето дете да се справи со него.

Габор Мате и Гордон Нојфелд се зафаќаат со решавање на поткопаниот родителски авторитет. Децата сè повеќе се угледуваат на врсниците во потрагата по својот идентитет и правилата на однесување. Тоа го нарушува здравиот развој и негува непријателска и сексуализирана младинска култура. Децата стануваат опортунисти подложни најчесто на опасни влијанија, се отуѓуваат и најважно им е да бидат кул.

„Држете се до своите деца“ нуди практични совети за повторно поврзување и воспоставување соодветна домашна хиерархија, а притоа децата да се чувствуваат безбедно и сфатено и одново да ги придобиеме нивната приврзаност и љубов. Родителите можат да ги разбудат во себе вродените инстинкти и повторно да ја преземат својата природна улога да бидат за своите деца вистински извор на разбирање, сигурност и нежност.

„Достојна книга која ни носи навистина нови идеи и свежи гледни точки за родителството.“

Мери Пајфер

Се што знам за љубовта – Доли Олдертон

500.00 ден

Љубовта е тивко, смирувачко, релаксирачко, неизбрзано, педантно, хармонично брмчење. Нешто што лесно можете да заборавите дека е тука и покрај тоа што неговите дланки се испружени под вас во случај да паднете.

Мемоари за раната зрелост со сета нејзина застрашувачка и надежна неизвесност. Кога станува збор за обидите да се стане возрасен, новинарката и поранешната колумнистка на Сандеј тајмс, Доли Олдертон сето тоа го има видено и пробано. Во своите мемоари таа раскажува за заљубувањето, наоѓањето работа, опиеноста, отфрлањето, фактот дека момчето на кое во моментот се потпира воопшто не може да се спореди со нејзините најдобри пријателки. Мемоари за лоши состаноци, добри пријатели и пред сè – прифаќањето дека сме повеќе од доволни.

Екстремно забавна, а на моменти трогателна до солзи, посветена на справувањето со сите видови љубов во животот, духовита, полна со топлина и хумор. „Сѐ што знам за љубовта“ преплетува лични исповеди со сатирични забелешки, кратки потсетници, дневнички записи, рецепти за вкусни јадења – во кои баш секој може да се препознае – и притоа да се смее од сѐ срце.

„Доли Олдертон ја доживувате истовремено како најдобра другарка и како постара сестра, а страниците напишани со нејзина рака ве обвиваат како топла прегратка.“

„Ивнинг стандард“

12 животни правила – Џордан Питерсон

500.00 ден

Понесен од великаните на западната мисла, од најразлични домени на науката, од религиозните списи и најголемите книжевни дела на човештвото, а пред сè од својата долгогодишна практика, угледниот и светски познат клинички психолог Џордан Питерсон кого Њујорк тајмс го прогласи за еден од „највлијателните интелектуалци на нашето време“ ја резимира вредната етичка, психолошка и филозофска мудрост преточувајќи ја во дванаесет едноставни начела за живот вреден за живеење.

Длабока книга што ќе ве поведе на патот кон вашето најсуштинско јас и ќе го разбуди полниот потенцијал на вашето Битие!

Џордан Б. Питерсон (1962) е канадски клинички психолог, културен критичар и професор по психологија на Универзитетот во Торонто. Неговите главни области се патопсихологија, социјална психологија и психологија на личноста, со посебен нагласок на верските и идеолошките верувања. Во 2016 година, непосредно пред објавувањето на 12 животни правила, Питерсон објави серија видеа на својот Јутјуб-канал, критикувајќи ја политичката коректност во канадската влада, со што доби значајно медиумско внимание. Неговите предавања на Јутјуб имаат над 35 милиони прегледи.

Клубот 5 наутро – Робин Шарма

500.00 ден

Светски признатиот гуру Робин Шарма ви го претставува концептот на Клубот 5 наутро – докажан систем кој им помогнал на илјадници клиенти максимално да си ја зголемат продуктивноста, да си го подобрат здравјето и да уживаат во спокоен живот во ова динамично и стресно време.

Преку восхитувачка – и честопати забавна – приказна во која главните актери се борат да ги надминат своите лични проблеми и се среќаваат со еден ексцентричен тајкун кој станува нивен таен ментор, Клубот 5 наутро ќе ве запознае со:
– Начинот на кој големите и мудри луѓе ги почнуваат своите утра за да постигнат зачудувачки резултати.
– Малку познатата формула за инспирација и фокусираност за извлекување на најдоброто од денот.
– Докажаната практика што помага лесно да се разбудите додека повеќето луѓе уште спијат, добивајќи скапоцено време за размислување и изразување на својата креативност.
– Револуционерни тактики да ги одбраните своите дарби, таленти и соништа од дигиталното лудило и тривијалните дразби за да можете да уживате во успехот, работата и магичното влијание врз светот.

Сапиенс – Јувал Харари

500.00 ден

Пред 100 000 години најмалку шест човечки вида живееле на Земјата. Денес има само еден. Ние. Хомо сапиенс. Како се случило нашиот вид да преовладее во битката за доминација? Како нашите предци собирачи и ловци се соединиле и создале градови и кралства? Како дојдовме до тоа да веруваме во богови нации и човекови права; да им веруваме на парите книгите и законите; да бидеме заробеници на бирократијата временските рокови и потрошувачката? И каков ќе биде светот во следните милениуми?

Во „Сапиенс“ д-р Јувал Ноа Харари ја опфаќа целата човечка историја, од првите луѓе на Земјата до радикалните – а понекогаш и катастрофалните – откритија на когнитивните, земјоделските и научните револуции. Врз основа на согледувањата од биологијата, антропологијата, палеонтологијата и економијата, тој истражува како струите на историјата ги обликуваат нашите човечки општества, животните и растенијата околу нас, па дури и нашите личности.

„Сапиенс“ е интернационален бестселер објавен на над 30 јазици низ целиот свет. Храбра, опсежна и провокативна, оваа книга предизвикува сѐ што досега мислевме дека знаеме за тоа што значи да се биде човек: нашите мисли, дејства, моќ… и – нашата иднина.

ни…

Дневник Ти и јас

500.00 ден
ИСБН : 978-608-247-894-4
Година на издавање : 2018
Издавачка куќа : Скрипти
Број на страни: 144
Димензии : 210х210
Корица : тврда

Токио засекогаш – Емико Џин

490.00 ден

Љубовта може да нѐ рани исто толку лесно колку што може и да нѐ излечи.

Изуми Танака – или едноставно Изи – е обична тинејџерка која живее со мајка си во едно гратче во Калифорнија, оди во редовно училиште, се дружи со своите најдобри пријателки… до моментот кога ќе открие дека нејзиниот татко е лично престолонаследникот на Јапонија!

Обземена од виор емоции, таа заминува за Јапонија за да ги запознае конечно својот татко и земјата за која отсекогаш сонувала. Но брзо сфаќа дека животот на принцеза не се состои само од балски фустани и тијари. Тука се и лукавите роднини, безмилосните новинари, вековните традиции и обичаи што мора брзо да ги научи… А и намќорестиот и неверојатно привлечен телохранител кој ја следи како сенка и, за среќа, ја разбира подобро од кој било друг.

Изи наскоро ќе се најде помеѓу два света, помеѓу две верзии од себе. Дома никогаш не била доволно „Американка“, а во Јапонија треба да докаже дека е доволно „Јапонка“. Дали ќе подлегне под тежината на круната или ќе ја живее својата бајка среќно засекогаш?

Креативен сет Dreamer Unicorn

490.00 ден
Креативен сет во форма на спирална тетратка. Комплетот се состои од спирална тетратка со налепници и листови за боење, пет фломастери со мешани бои. Видете ги и другите производи на Starpack кои ја поддржуваат детската креативност. Производот е наменет за деца на возраст од 3+ години. Димензии на производот 25x28x2 cm.

Креативен сет Crazy Creatures

490.00 ден
Книга за активности Луди суштества
Креативен сет во форма на спирална тетратка. Комплетот се состои од спирална тетратка со налепници, листови за гребење и боење, пет фломастери со мешани бои и еден сребрен фломастер. Видете ги и другите производи на Starpack кои ја поддржуваат детската креативност. Производот е наменет за деца на возраст од 3+ години. Димензии на производот 25x26x2 cm.

Моќта на позитивното мислење – Норман Винсент Пил

450.00 ден

Размислувајте позитивно и ќе активирате позитивни сили што носат позитивни резултати.

„Моќта на позитивното мислење“ е една од најпродаваните книги на сите времиња, глобален бестселер преведен на 42 јазика и продаден во над 20 милиони примероци. Таа им помогна на многу луѓе низ светот да живеат целосно и исполнето преку инспиративната порака на Норман Винсент Пил за неопходноста од верба и позитивен став кон животот.

Во овој исклучителен прирачник за исполнет, здрав и вреден живот, Пил со многу практични примери ни ја приближува моќта на верувањето и нејзиното директно благотворно влијание. Неговите практични техники ќе ве поттикнат да ги остварите сите свои амбиции и надежи и да постигнете душевен мир.

Оваа едноставна и остварлива филозофија на животот ќе ве научи:

  • Да верувате во себеси и во сè што правите
  • Да стекнете решителност
  • Да развиете моќ за постигнување на поставените цели
  • Да си го подобрите здравјето
  • Да си овозможите непрестајна циркулација на позитивна енергија
  • Да ги отфрлите непотребните грижи и да живеете опуштено
  • Да ги подобрите личните и професионалните односи
  • Да преземете контрола над околностите
  • Да бидете љубезни – и со другите и со себеси.

1984 – Џорџ Орвел

450.00 ден

Романот „1984“ се вбројува меѓу највлијателните книги на дваесеттиот век и претставува ретко дело чие значење добива се поголема моќ денес, кога неговото предвидување почнува да се остварува.

Објавен во 1949 година, најпознатиот роман на политичкиот сатиричар Џорџ Орвел ни ја открива кошмарната визија за еден тоталитарен, бирократски свет и за обидот на еден обичен човек да ја зачува својата индивидуалност. Мајсторството на „1984“ лежи во авторовото претскажување на модерниот живот – сеприсутноста на телевизијата, искривоколчувањето на јазикот – и неговата способност да создаде толку сеопфатна верзија на пеколот.

Култниот роман и 70 години по објавувањето останува задолжително четиво и се уште важи за една од најзастрашувачките книги што некогаш биле напишани.

Успехот нека стане вашата судбина!

Како да разговарате со некого-Лил Лаундес

450.00 ден

Која е онаа магична вештина што некои луѓе ја поседуваат поради која веднаш ви се лепат за срце? Сите сакаат да им бидат пријатели или да остварат интимна врска со нив. Во деловниот свет самоуверено јурат кон врвот на корпорациското скалило. Како им успева сè што ќе допрат да се претвори во „злато“?

Меѓу кориците на забавната и поучна книга Како да разговарате со секого ќе ги откриете малите трикови што писателката ги издвоила како клучни за постигнување успех. Дефинитивно ќе уживате читајќи ги и вежбајќи ги овие трикови проследени со практични совети и јасни примери и анегдоти.

Малите потези на кои ве учи, а кои без напор можете да ги направите дел од својата секојдневна рутина, ја создаваат вашата судбина. Зашто кога повторувате некое дејство, тоа ви станува навика. Навиките што ги имате го создаваат вашиот карактер. А вашиот карактер е ваша судбина.

Успехот нека стане вашата судбина!

Четириесет правила на љубовта – Елиф Шафак

450.00 ден

Во својот заводлив лиричен роман Четириесет правила на љубовта, светски познатата турска авторка Елиф Шафак ни ткае две паралелни приказни – едната современа а другата историска – и преку „четириесетте правила на љубовта“ ни ја доближува древната суфистичка филозофија што се заснова на единството на сите народи и вери и присуството на љубовта во секој од нас.

 

Ела Рубинстајн е четириесетгодишна несреќно омажена домаќинка што добива ангажман да прочита и да напише извештај за Слатко безбожништво – историски роман за судбоносната средба на исламскиот учител Руми и неговиот духовен водач, ексцентричниот дервиш скитник познат како Шемс од Тебриз. Притисната од личните проблеми, но и заинтригирана од мистериозниот автор Азиз З. Захара – фотограф, светски патник и суфист, таа започнува да се допишува со него. Низ приказната за контроверзното духовно пријателство и улогата на дервишот во длабоката преобразба на Руми во посветен мистик, страстен поет и поборник за љубовта, и самата Ела доживува трансформација, сфаќајќи дека Азиз, исто како Шемс, дошол да ја ослободи.

 

Четириесет правила на љубовта е магичен преплет на Истокот и Западот, на минатото и сегашноста, во една безвремена човечна и трогателна приказна што смело ги расветлува разликите меѓу религијата и духовноста, цензурата и сомилоста, стравот и универзалната љубов.

Како да се здобијат пријатели и наклоност на луѓето – Дејл Карнеги

400.00 ден

Книгата “Како да се здобијат пријатели и наклоност на луѓето” е еднакво релевантна и корисна денес како и во времето кога била објавена, пред речиси 80 години. Тоа се должи на неверојатната умешност на Дејл Карнеги да проникне длабоко во човековата природа и да ги открие принципите врз чија основа секој човек можел да се развие и максимално да го искористи својот потенцијал. Според Карнеги, финансискиот успех не зависи толку од знаењето што го поседуваме колку од способноста да ги изразиме своите идеи, да преземеме лидерска улога и да го поттикнеме ентузијазмот кај луѓето. Продадена во десетици милиони примероци низ светот, оваа книга содржи многу корисни совети за тоа како брзо и лесно да се здобиете со пријателството и наклоноста на луѓето, како да го зголемите своето влијание во работната средина, како да станете поефикасни, да ги поттикнувате моралот и ентузијазмот кај соработниците, а да ги избегнете недоразбирањата и расправиите во деловниот и семејниот жживот.

Патот по кој поретко се оди – Скот Пек

400.00 ден

Не постојат едноставни и лесни одговори за луѓето кои тргнале по патот на духовно созревање. Човештвото е среде голем еволуциски скок. Сè зависи од нас. Универзумот е тука да ни го подготви патот меѓутоа ние самите мораме да зачекориме по него. Потребно е во себе да вградиме систем за постигнување на духовно и ментално здравје. Процесот на себепроширување е многу еволутивен. Кога некој успешно ги проширил своите граници веќе поминал во повисоко ниво на постоење.Д-р Скот Пек, еден од најпознатите светски психотерапевти, ја објаснува, меѓудругото, природата на љубовта како чин на самосозревање. Тој ни одговара на прашањата како да препознаеме вистинска љубов, компатибилност, како да разликуваме зависност од љубов, како да станеме свои, како да бидеме почувствителни родители… Патот по кој поретко се оди инспирираше милиони луѓе ширум светот и е најпродавана книга во оваа област на сите времиња.

Моќта на потсвеста – Џозеф Марфи

400.00 ден

Моќта на потсвеста, една од најомилените и најпродаваните инспиративни водичи на сите времиња, ви покажува како менувањето на вашиот начин на размислување може да доведе до драстично подобрување на вашиот жживот. Со помош на практични, разбирливи техники и конкретни примери, д-р Џозеф Марфи ви го открива огромното влијание на потсвеста врз сите животни сфери: парите, односите, работата, среќата – и како да ја примените и да ја насочите нејзината моќ за да ги остварите своите цели и соништа. Оваа неверојатна книга веќе им помогна на читателите ширум светот да го постигнат навидум невозмоното со самото учење како да ја контролираат неверојатната моќ на потсвеста. Сега и вие можете да ги научите овие моќни техники за да го смените својот живот, така што најнапред ќе ги смените своите верувања.

Копилето од Истанбул – Елиф Шафак

400.00 ден

Во Копилето од Истанбул, Елиф шафак, една од најистакнатите современи турски писателки, го отсликува турбулентното минато на својата земја во јасна и сликовита приказна што се одвива во Турција и во Америка. Централното место го има „копилето“ од насловот, Асја, деветнаесетгодишна девојка што ги обожава Дјони Кеш и француските егзистенцијалисти, и четирите сестри во фамилијата Казандји што живеат под ист покрив во Истанбул: Зелиха, мајката на Асја, бунтовната и своеглава најмала сестра што држи салон за тетовирањеч Бану, која неодамна ја открила „гатачката“ во себеч Дјеврие, вдовица и наставничка по национална историјач и Фериде, хипохондрик опседната со неизбежни катастрофич нивната строга мајка, и нивната баба што тоне во заборавот на Алчајмеровата болест. Нивниот единствен отуѓен брат живее во Аризона со жена си и нејзината ќерка Армануш, Ерменка по татко.

Богат татко, сиромашен татко – Роберт Киосаки

400.00 ден

Книга што го растресе финансискиот свет! Што е разликата во погледите и ставовите на богатите во споредба со обичните луѓе? Во што се разликуваат нивните постапки што даваат драстично поинакви резултати? Роберт Киосаки, инвеститор-милионер, автор и предавач, ја имал единствената шанса да ги открие одговорите на овие прашања уште во своето детство, и тоа од две сосема различни перспективи – богатиот и сиромашниот татко. Едниот, таткото на Роберт, редовен професор со размислувања на обичен работник што работи за плата. И другиот, таткото на неговиот другар, успешен бизнисмен, кој станал негов ментори му ги отворил очите за огромните грешки што ги правел неговиот сиромашен татко во врска со парите. Богат татко, сиромашен татко е лична финансиска перспектива за целосно преиспитување на тоа како функционираат парите. Нè учи како да работиме на сопствената финансиска интелегенција, како да го забрзаме финансискиот прогрес и како ризикот да ни стане сојузник. Богат татко, сиромашен татко е почетна точка за секој што сака да има контрола над својата финансиска иднина.

Jumping Clay Kid’s Multi Pack

399.00 ден

Што има во кутијата

  • 1 рефил вреќичка од 18г во бела боја
  • 2 рефил вреќички од 10г во 2 различни бои (жолта и црвена)
  • 5 рефил вреќички од 5г во 5 разчични бои (портокалова, зелена, сина, виолетова, црна)
  • алат потребен за изработка на фигурите
  • упатство за изработка на фигурите

Димензии

  • 110 х 47 х 170 (мм)

Приказни од кафулето – Тошиказу Кавагучи

380.00 ден

Годишните времиња се движат во круг. Исто и животот. Минува низ тешки зими, но на крајот, секогаш доаѓа пролет.

Не можеме да видиме што навистина се крие во срцето на другиот. Кога тонеме во своите грижи, стануваме слепи за чувствата на најблиските. А кога конечно ќе се разбудиме, посакуваме да ги смениме нештата. Што ако навистина постои место во кое можеме да се вратиме во времето?

Во приказната на Тошиказу Кавагучи постои едно кафуле во кое можеме да се вратиме во времето. Но притоа мораме да следиме неколку правила, инаку патувањето може да заврши фатално. Најзначајно е дека треба да се вратиш во сегашноста пред да се излади кафето и дека не смееш да го менуваш минатото. Дали е разумно да се враќаш во времето ако не можеш да го промениш?

Во оваа книга ќе сретнеш неколку ликови кои го прифаќаат предизвикот. Тие ќе те премислат. Ќе ти откријат дека враќањето во времето навистина има смисла, дури и ако подразбира само одново доживување на истиот миг. На крајот, ќе видиме дека во тоа е и суштината – да го живееме секој миг како да нема да се повтори никогаш повеќе.

„Ретко се среќаваат вакви приказни кои завршуваат со искрени солзи радосници.“

Њујорк тајмс